Свет
Камерон одвај ја чека соработката со Путин
Британскиот премиер Дејвид Камерон во понеделникот навечер телефонски го повикал рускиот премиер Владимир Путин велејќи дека одвај ја чека соработката со него за да се надвладеат тешкотиите во односите меѓу двете земји и да се изградат посилни политички и економски односи.
Британскиот премиер Дејвид Камерон во понеделникот навечер телефонски го повикал рускиот премиер Владимир Путин велејќи дека одвај ја чека соработката со него за да се надвладеат тешкотиите во односите меѓу двете земји и да се изградат посилни политички и економски односи. „Премиерот рече дека внимателно ги следел“ руските претседателски избори на коишто победи Владимир Путин, се додава во соопштението на Даунинг стрит, пренесува AFP.„Двајцата челници се согласија дека е важно да се изградат посилни односи, нескривајќи ги разликите и темите кои предизвикуваат загриженост“, се додава во соопштението од кабинетот на британскиот премиер.Камерон и Путин „разговараа за Сирија и потребата од заедничко меѓународно дејствување за да се сопре насилството и да се спречи ситуацијата да прерасне во граѓанска војна“, додаваат од кабиентот на премиерот Камерон./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

