Свет
ЕК: За промена на Шенген треба да се промени договорот
Шенгенскиот договор е дел од Договорот за Европската унија и за секоја промена во тој договор треба да се измени и договорот, изјави во понеделникот еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром, пренесува AFP.
Шенгенскиот договор е дел од Договорот за Европската унија и за секоја промена во тој договор треба да се измени и договорот, изјави во понеделникот еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром, пренесува AFP.
Коментарот на европската комесарка за заедничка внатрешна политика на ЕУ, Сеслија Малмстром, дојде откако во неделата на предизборен митинг францускиот претседател Николас Саркози бајави ревизија на шенгенскиот договор за да се казнат они држави коишто не ги надзираат своите граници и не го исполнуваат својот дел од обврските.
„Шенгенскиот договор е дел од Договорот за Европската унија и промените во тој договор бараат промени на овој договор“, изјави Малмстрон, одговарајќи на новинарско прашање, што би се случило доколку некои земји, како Франција на пример, ја напуштат шенген зоната.
Саркози кој во април ќе се обиде да го добие вториот претседателски мандат во неделата на предизборен митинг изјави дека се залага за ревизија на шенгенскиот договор, за да се овозможи казнување, суспендирање или исклучување на некоја земја којашто нема да ги почитува своите обврски.
Францускиот претседател Николас Саркози на предизборен митинг во неделата се закани со непочитување на европските ограничувања за протекционистички мерки и излегување од шенгенската зона, ветувајќи дека Франција ќе ја заштити од евтината конкуренција и големата имиграција.
Претседателот Николас Саркози ризикувајќи да ги разлути европските партнери на Франција, изјави дека е време да им се помогне на локалните компании, со запирање на неконтролираното доселување на имигрантите и евтиниот извоз коишто укажуваат на недостиг од протекционистичкиот надзор во Европа.
„Комисија нема обичај да ги коментира предизборните кампањи во земјите членки. Сакам само да потврдам дека во моментов се водат токму преговори по предлозите што ги изнесе Комисијата во септември по барање на земјите членки за да се засили системот на процена, како и да се зајакне довербата и да се гарантира слободата на движењето“, изјавила Малмстром.
Според експертите, во еден од предлозите на Комисијата, делумно се предвидува она што го бара францускиот претседател Саркози.
Така, доколку се случи масовно пристигнување на илегални имигранти во една од земјите на шенген зоната, другите членки би можеле, според овој предлог, привремено да воведат гранични контроли, за да го спречат доаѓањето на таквите лица на своја територија. Најголема разлика меѓу Комисијата и земјите членки се јавува околу прашањето кој ќе го има главниот збор во управувањето со шенген зоната. Во моментов тоа целосно е под контрола на земјите членки, а Комисијата бара поголема улога за семен и сака да се промени оваа одредба.
Земјите членки и сега можат да за време на одржувањето на големи спортски манифестации или меѓународни политички собири, привремено да воведат контрола, а притоа да немаат никаква друга обврска пред Комисијата и другите членки да ги известат за својата одлука./крај/сфп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.