Свет
Русија: Западот зема пореален пристап за сириската криза
Настојувањата на западните земји за решавање на сириската криза станаа пореални, но тоа не е доволно за да се излезе од ситуацијата,се наведува во соопштението на прес-службата на руското министерство за надворешни работи издадено во понеделникот.
Настојувањата на западните земји за решавање на сириската криза станаа пореални, но тоа не е доволно за да се излезе од ситуацијата,се наведува во соопштението на прес-службата на руското министерство за надворешни работи издадено во понеделникот.
Како што се наведува во писмената изјава на министерството за надворешни работи, „Русија продолжува да бара политичко решение за сириската криза, неодложен прекин на секакво насилство и обезбедување на хуманитарните потреби на цивилното население“, пренесува руската агенција РИА Новости.
„Ние преземаме во оваа насока енергични дипломатски напори во контактите со Арапската лига, Обединетите нации и, исто така, на билатерално ниво. Притоа во последно време Москва забележува извесни промени во смисла на однесувањето на нашите западни партнери во однос на Сирија, коишто манифестираат повеќе реалност, што, сепак, не е доволно за да излезе од сложената ситуација“, се вели во цитираното соопштение на руското МНР.
Советот за безбедност на Обединетите нации во петокот одлучи да ја поддржи мисијата на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига, поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, да се најде политичко решение за состојбата во Сирија, каде што цела година не запираат вооружените судири меѓу власт и опозиција.
Претходно Анан прими од сирискиот претседател Башар ал-Асад одговор на неговите предлози за решавање на конфликтот во Сирија. Според Анан, во оваа порака официјален Дамаск до крај не ја појаснува својата позиција во однос на прашањата покренати од страна на дипломатот. Специјалниот претставник, кој го посети Дамаск минатата седмица, со раководството на Сирија разговараше за неопходноста од итен прекин на насилството од и од двете страни, обезбедување на пристап до населението погодено од конфликтот и почеток на политичкиот дијалог во земјата.
Од средината на март 2011 година во Сирија избувнаа протести против режимот на претседателот Башар ал-Асад, коишто минаа во вооружена конфронтација. Според ОН, досега во судирите меѓу регуларните безбедносни сили и вооружените припадници на опозицијата на чија страна преминаа и дезертирани војници, загинале повеќе од 8.000 луѓе, додека сириските невладини организации тврдат дека бројот загинати во конфликтот изнесува околу 9.600 убиено од кои најмалку 2.500 се дезертирани војници и припадници на безбедносните сили. Сириските власти, пак, тврдат дека бројката загинати во судирите на надминува 2.500 луѓе, од кои повеќето се припадници на армијата и полицијата кои водат борби со „вооружени терористи поддржани однадвор“./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Десетина демократи ќе го бојкотираат говорот на Трамп за состојбата на нацијата
Група демократски сенатори и пратеници најавија дека нема да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, туку ќе организираат собир на отворено како протест против неговата политика.
Настанот под наслов „Народен говор за состојбата на нацијата“ ќе се одржи во близина на Капитол, непосредно пред обраќањето на Трамп. Меѓу најавените учесници се сенаторите Џеф Меркли, Крис Марфи и Крис Ван Холeн, како и неколку пратеници од Претставничкиот дом.
Од Белата куќа реагираа дека не е изненадување што демократите одбиваат да ги поддржат политиките на републиканците, вклучително и иницијативите за даноци и депортација на имигранти.
Демократите тврдат дека Трамп го користи говорот како политичка платформа наместо како момент за обединување на нацијата. Дел од нив ќе присуствуваат во Конгресот, но планираат да изразат незадоволство на други начини.
Годишниот говор за состојбата на нацијата првпат го одржал Џорџ Вашингтон во 1790 година, а со текот на времето се претворил во значаен политички настан.
Регион
Делегацијата на ЕУ во БиХ ги осуди инцидентите на концертот на Томпсон: „Покажете почит кон жртвите“
Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина ги осуди инцидентите на концертите на Марко Перковиќ Томпсон во Широки Бријег минатата недела, кога дел од публиката извикуваше усташки слогани и поздравуваше со крената десна рака.
„Фотографиите и видеата од неодамнешниот концерт во Широки Бријег ги покажуваат учесниците како извикуваат слогани и нагласуваат карактеристики поврзани со фашистички идеологии. Глорификацијата и релативизацијата на фашистичките идеологии немаат место во демократското општество и нè потсетуваат на најтемните периоди од европската историја“, се вели во соопштението, пренесува „Тпортал.хр“.
Во исто време, ЕУ ги повика сите да покажат почит кон жртвите на злосторствата извршени за време на Втората светска војна, а „надлежните органи да ги истражат инцидентите во согласност со домашното законодавство“, се вели во соопштението.
Извикувањето на усташкиот слоган „Подготвени за дом“ и поздравувањето со крената десна рака на концертите на Томпсон одржани на 13 и 14 февруари во вторник беа осудени од ОБСЕ и мисијата на Обединетите нации во Босна и Херцеговина.
Тие, исто така, ги повикаа властите во БиХ да спроведат истрага и да ги санкционираат сите оние што се однесуваат на овој начин.
Свет
Белгискиот министер ги предупреди европските лидери поради изјавите за нуклеарното оружје: „Држете го јазикот за заби“
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен ги критикуваше европските лидери поради, како што наведе, премногу отворените изјави за нуклеарното оружје.
„Кога станува збор за нуклеарното одвраќање, навистина не разбирам зошто европските лидери се толку брборливи. Тоа не е мудро. Ве молам, држете го јазикот за заби“, порача Франкен на платформата „Икс“, реагирајќи на интервју на германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесе „Политико“.
Во интервјуто, Мерц ја исклучи можноста Германија да развие сопствено нуклеарно одвраќање, но рече дека германските борбени авиони потенцијално би можеле да носат француско и британско нуклеарно оружје. Германија и Белгија се дел од американската програма „нуклеар шеринг“, во рамки на која нивните воздухопловни сили можат да носат американски нуклеарни бомби.
Изјавите на Мерц и Франкен доаѓаат во момент кога се интензивира дебатата за европското нуклеарно одвраќање во пресрет на говорот на францускиот претседател Емануел Макрон на 2 март. Се очекува Макрон да испрати пораки за улогата на францускиот нуклеарен арсенал во европската безбедност.
Белгискиот министер за одбрана се осврна и на коментарите на Мерц за проектот „Фјучр Комбат Ер Систем’ (Future Combat Air System) – борбен авион од нова генерација што го развиваат Германија, Шпанија и Франција.
„Системот е мртов, според германскиот канцелар во овој подкаст. Нема да има француско-германски борбен авион од шеста генерација. Белгија беше набљудувач во таа програма. Ќе ја преиспитаме нашата позиција“, наведе Франкен.
SCAF is dood aldus de Duitse bondskanselier @bundeskanzler in deze podcast. Er komt geen Frans-Duits zesde generatie jachtvliegtuig.
België was observator in het programma. We zullen onze positie herbepalen.
Ivm de nucleaire afschrikking begrijp ik echt niet waarom Europese…
— Theo Francken (@FranckenTheo) February 18, 2026

