Свет
Египет го ослободи братот на водачот на Ал Каеда
Египетскиот воен суд во понеделникот го ослободи Мохамед ал-Завахири, братот на водачот на глобалната терористичка организација Ал Каеда, осуден на првото судење на смртна казна за планирање атентати, пренесува AFP повикувајќи се на неговиот адвокат и син.
Египетскиот воен суд во понеделникот го ослободи Мохамед ал-Завахири, братот на водачот на глобалната терористичка организација Ал Каеда, осуден на првото судење на смртна казна за планирање атентати, пренесува AFP повикувајќи се на неговиот адвокат и син.Воениот суд на Египет го ослободил покрај Мохамед ал-Завахири, го ослободил и Мухамед Шавки ал-Исламбули која исто така беше осуден на смрт по истото обвинение за подготвување атентати. Инаку братот на ал-Исламбули во 1981 година го уби египетскиот претседател Анвар ел-Садат.„Очекуваме негово пуштање на слобода следните денови“, изјавил за агенцијата адвокатот на ал-Завахири, Камел Мандур, не наведувајќи ги мотивите на судот за ослободувањето на неговиот клиент.Завахири и Исламбули во 1998 година беа осудени во отсуство поради тоа што во Албанија минале обука и планирале напади во Египет. Мохамед ал-Завахири во 1999 година беше уапсен во Обединетите Арапски Емирати, по што им беше предаден на египетските власти и затворен. Со одлуката на Врховниот совет на оружените сили на Египет кој раководи со земјата, тој беше ослободен во март 2011 година, еден месец по падот на режимот на египетскиот претседател Хосни Мубарак, заедно со уште десетина политички затвореници. Меѓутоа, само по неколку дена беше вратен повторно во затвор, а египетскиот воен суд на 28-ми јули 2011 година го повтори процесот на коешто беше осуден на смртна казна, на што Мохамед ал-Завахири поднесе жалба. Ал Каеда речиси истовремено објави дека нејзин прв човек по ликвидацијата на Осама бин Ладен кој на почетокот од мај беше ликвидиран од американските маринци во Пакистан, стана Египќанецот Ајман ал-Завахири.Мохамед Шавки ал-Исламбули, минатата година се врати во Египет од егзилот во Иран, како и другите египетски политички осуденици, кои се вратија во татковината по падот на Мубарак. Ослободителната пресуда којашто за двајцата е изречена во понеделникот, се однесува и на другите поранешни исламистички активисти, изјавил адвокатот Мандур, меѓу коишто е и Сајед Имам Фадл, поранешниот духовен лидер на Египетскиот исламистички џихад и ментор на Ајман ал-Завахири. Како и другите ослободени, и Фадл во 1990-те се откажа од насилството. Откако Врховниот совет на оружените сили на Египет управува со земјата, ослободени се многу исламистички активисти, како што се Абуд ал-Зомор, поранешен припадник на Џама Исламија, организацијата која е вмешана во атентатот на поранешниот египетски претседател Анвар ел-Садат. Зомор потоа формираше партија којашто е застапена во египетскиот парламент во кој огромното мнозинство го имаат исламистите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Свет
Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје
Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.
„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.
„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.
Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.
„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.
фото/Depositphotos
Свет
(Видео) Погоден американскиот конзулат во Дубаи
Пожар избувна во американскиот конзулат во Дубаи откако беше погоден од дрон, за кој се сомнева дека е ирански, доцна вечерва, според регионалниот извор на CNN.
🚨 BREAKING: Video shows the moment a suspected Iranian drone SLAMMED into the US Consulate in Dubai, resulting in an explosion
The Consulate is currently on fire, with smoke seen from all across the city. pic.twitter.com/FvXmpZAexU
— Nick Sortor (@nicksortor) March 3, 2026
Пожарникарите изгаснаа мал пожар што избувна по нападот со беспилотно летало, а нема повредени.
Двајца сведоци потврдија за „Ројтерс“ дека може да се види чад како се издига од област во близина на конзулатот.

