Свет
Сирија вети дека ќе ја повлече војската до 10-ти април
Сириската влада го известила во понеделникот навечер меѓународниот специјален претставник за Сирија, Кофи Анан дека го спроведува планот на повлекување на своите воени единици од градовите до 10-ти април, изјави Ахмад Фавзи, портпаролот на Анан.
Доколку специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига, Кофи Анан потврди дека повлекувањето е извршено на 10-ти април, тогаш опозицијата ќе има 48 часа да ги прекине судирите, додал Фавзи.
„Сиријците ни кажаа дека донеле план за повлекување на нивните воени единици од населените места и околните области. Спроведувањето на планот почнало вчера (во неделата – з.р.) и ќе биде завршено до 10-ти април“, рекол портпаролот на Анан, Ахамад Фавзи за Reuters во Женева, откако претходно Анан го известил Советот за безбедност на ОН за оваа информација од Дамаск.
Претходно во понеделникот доцна попладне по средноевропско време, на состанокот со Советот за безбедност зад затворени врати, западни дипломати рекоа дека Анан барал поддршка за истиот датум како краен термин за започнувањето на неговиот план за запирање на кризата во Сирија.
„Доколку ќе можеме да потврдиме дека тоа се случило до 10-ти април, тогаш ќе почне одбројувањето за прекин на непријателствата и од страна на опозицијата. Ќе очекуваме и двете страни да ги прекинат судирите во рок од 48 часа“, дополнил Фавзи./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

