Свет
Пакистанецот Саид вториот најбаран човек на планетата
САД го ставија Пакистанецот Хафиз Мохамад Саид, основач и водач на групацијата Лашкар-е-Таиба, на второто место од листата на најбараните светски терористи, распишувајќи награда од 10 милиони долари за неговото апсење.
Водачот на радикалната исламистичка талибанска групација Лашкар-е-Таиба, Хафиз Мохамад Саид кого го сметаат за одговорен за крвавите напади врз деловниот центар на индиската метропола Бумбаи од ноември 2008 година кога загинаа околу 170 луѓе, стана сега најбараниот човек на светот за САД, по водачот на глобалната терористичка мрежа на Ал Каеда, Египќанецот Ајман ал-Завахири, за чие апсење Американците ќе исплатат награда од 25 милиони долари, а веднаш зад оваа двојка е лидерот на авганистанските талибани Мула Омар, за кој исто така е распишана награда 10 милиони долари.
Оваа вест во понеделникот ја објави американската државна потсекретарка Венди Шерман, а во вторникот ја потврди интернет страницата Rewards for Justice, на којашто американската влада ги поставува имињата на лицата што ги бара, заедно со сумата од паричната награда којашто ќе ја исплати за информација којашто ќе доведе до апсење на бараната личност и подигнување обвинение против нив.
Ресурсот Rewards for Justice потсетува дека Саид е „осомничен за организирање на многу терористички напади, меѓу кои и оние во Мумбаи 2008 година“, во кој загинаа 166 лица, од коишто шест американски државјани“.
Пакистан еден месец по нападите во Мумбаи. Хафиз Саиз го стави во домашен притвор, но во 2009 година го ослободи од обвинението, поради недостиг од докази, што годиан подоцна го потврди и Врховниот суд.
Оттогаш Саид води нормален живот и јавно е активен во Пакистан, најчесто како директор на една од позначајните невладини хуманитарни организации Џамат-уд-Дава,, којашто особено се истакна со работата во помагање на жртвите од катастрофалниот земјотрес во 2005 година. Последен пат минатиот вторник Саид учествуваше во протестите со коишто од пакистанските власти се бара да одбијат повторно да ги отворат своите патни сувоземни коридори за конвоите на НАТО за снабдување за единиците од мисиите ИСАФ во Авганистан.
САД ја сметаат хуманитарната организација Џамат-ду-Дава за параван за Лашкар-е-Таиба, којашто е забранета во Пакистан, и двете се наоѓаат на нивниот попис на терористичките организација, иако нејзините активисти упорно ја отфрлаат секоја поврзаност со терористички дејствувања./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хилари Клинтон: Не се сеќавам дека некогаш сум се сретнала со Епстин
Хилари Клинтон денес изјави пред конгресниот комитет дека не се сеќава дека некогаш се сретнала со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин и дека нема информации да сподели за неговите криминални активности.
„Не се сеќавам дека некогаш сум се сретнала со господин Епстин. Никогаш не сум летала со неговиот авион, ниту сум ги посетила неговите острови, домови или канцеларии. Немам што да додадам на тоа“, рече 78-годишната Клинтон во изјава пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом. Таа и нејзиниот сопруг, поранешниот демократски претседател Бил Клинтон (79), првично одбија да сведочат пред комитетот, но попуштија кога пратениците поднесоа обвиненија за непочитување на судот, објави „ХИНА“.
Бил Клинтон треба да сведочи пред комитетот утре. Пред сослушувањето, претседателот на Комитетот за надзор Џејмс Комер од Кентаки, републиканец, негираше дека истрагата е партиски напад врз претседателскиот ривал на Трамп во 2016 година, истакнувајќи дека неколку демократи исто така инсистирале Клинтонови да сведочат.
Тој додаде дека комисијата ќе се обиде да дознае повеќе за каков било контакт што можеби го имала со Епстин, неговата вмешаност во хуманитарната работа на Клинтонови и каков било однос што можеби го имала со затворената соработничка на Епстин, Гислен Максвел.
Името и сликите на Бил Клинтон се појавуваат во документи поврзани со истрагите за Епстин. Сепак, самото споменување не значи ништо. Поранешниот претседател постојано негираше каква било незаконитост во врска со неговото познанство со Епстин, објави ДПА.
Со години, Епстин управуваше со синџир на злоупотреба во кој десетици млади жени и малолетници беа жртви. Финансиерот од Њујорк имаше одлични врски во американското високо општество. Почина во својата затворска ќелија во 2019 година, пред да биде осуден, пренесуваат агенциите.
Свет
Деветгодишно девојче скокнало од балкон во Германија: мајката и се заканувала со нож
Во Бремен, Германија, вчера попладне, мајка ѝ се заканувала на својата деветгодишна ќерка со нож, повредувајќи ја.
Девојчето од страв побегнало на балконот и се фрлила од првиот кат на зградата, соопшти полицијата. Трагедијата ја спречил сосед кој ја фатил, објавува „Шпигел“.
Според полицискиот извештај, 62-годишен сосед ја гледал ситуацијата од прозорецот и успеал да го фати девојчето додека паѓало. Полицијата потврдила дека девојчето претрпело само полесни повреди. Сè уште не е познато зошто се случила таква ситуација во семејниот стан.
Полициските сили кои излегле на местото на настанот ја уапсиле 38-годишната мајка. Се тврди дека жената имала ментални проблеми и е сместена во клиника на лекување. Девојчето е згрижено и е кај нејзиниот татко.
Свет
Силен земјотрес регистриран во Романија
Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во 18:21 часот во Романија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 45,8336 и географска должина 26,7157.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 120 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

