Свет
Ромни победи во Вашингтон, Мериленд и Висконсин
Поранешниот гувернер на Масачусец, Мит Ромни однесе победа ноќеска од три прелиминарни извори во Вашингтон Ди-Си, Мериленд и Висконсин, зацврстувајќи го водството пред Рик Санториум во трката за претседателска номинација на републиканците.
Победата на Ромни во американската престолнина и во Мериленд воопшто не се доведуваше во прашање, додека неизвесно беше во Висконсин каде што сепак Ромни победи со 42 спрема 38 отсто.Аналитичарите проценуваат дека со поразот во Висконсин, Санториум реално ги загуби шансите за претседателска номинација.И на синоќешните избори се покажа дека Ромни многу подобро стои од конзервативниот Санториум меѓу избирачите кои што заработуваат повеќе, меѓу образованите и оние што живеат во градовите.Според последните резултати, Ромни освои 640 делегатски места, Санториум 264, Њут Гингрич 135, а Рон Пол 71 место. Кандидатот кој што ќе стигне до 1.144 делегатски места ќе ја освои претседателската номинација. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

