Свет
Претставници на сириската опозицијата ќе ја посетат Москва на 17-18 април
Разговори со претставници на опозициониот Национален координативен комитет на Сирија. ќе бидат водени во Москва на 17-ти и 18-ти април, соопшти во средата руското министерство за надворешни работи.
Претходно во средата шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој е во посета на Азербејџан најави дека претставници на сириската опозиција ќе допатуваат во Москва за да разговараат со руските политички челници за решавање на ситуацијата во Сирија, меѓутоа не прецизираше датум.
„На 17-ти и 18-ти во Москва ќе се одржи средба со сирискиот опозиција’, е наведено на микроблогот на руското министерство за надворешни работи на Твитер, пренесува РИА Новости.
Во средата наутро, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, остро ја предупреди меѓународната група Пријатели на Сирија. Според Лавров дури и до заби вооружената сириска опозиција не може да ја порази армијата и ги предупреди Западот и арапските земји дека вооружувањето на опозицијата претставува поткопување на мировните напори на специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија, Кофи Анан.
„Сите го поддржаа мировниот план на Кофи Анан, но одлуката на Пријателите на Сирија за вооружување на опозицијата ќе ги намали мировните напори.“, рекол Лавров, пренесува агенцијата Итар-Тасс.
Западните и арапските земји во неделата во Истанбул на конференцијата на групата Пријатели на Сирија соопштија дека ќе разгледаат „нови мерки со цел да се заштити сирискиот народ“, меѓу другото формирање фонд за материјална поддршка на сириската опозиција, како и за нејзино вооружување.
„Дири и ако се вооружи до заби, опозицијата нема да ја победи сириската армија. Ќе следи долгогодишен масакр“, рекол Лавров./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

