Свет
Двајца загинати и 17 ранети во напад на бомбаш самоубиец во Авганистан
Бомбаш-самоубиец се разнел во четвртокот попладне во северниот дел на авганистанската провинција Бадахшан, убивајќи две и ранувајќи 17 лица, јави новинската агенција на Pajhwok.
Според агенцијата, инцидентот се случил на централниот пазар во административниот центар на округот Кишим. Целта на терористот опремен со ткн „самоубиствен елек“ бил полициски пункт. Во нападот се ранети неколку полицајци.
Ранети биле, исто така, и неколку тинејџерки, бидејќи експлозијата се случила во близина на женски колеџ. И двајцата убиени биле цивили.
Засега никој не ја презема одговорноста за бомбашкиот напад.
Како што потенцираат локалните медиуми, терористичкиот напад во Бадахшан е несекојдневен настан, бидејќи оваа авганистанска покраина којашто се граничи со Таџикистан е една од најмирните и побезбедни, а е населена со мнозинство етнички Таџики.
Како што забележуваат странските аналитичари, со почетокот на пролетта се интензивираат борбените и терористичките активности на бунтовниците, особено во провинциите од југ и исток кон северниот дел на Авганистан.
Според министерството за одбрана на земјата, само за еден ден во Исламската Република загинале 12 авганистански војници, а ист број се ранети. Загубите во редовите на полицијата, којашто го презема товарот во борбата против бунтовниците, не се соопштени. Но, според агенциските информации од почетокот на седмицава во Авганистан беа убиени и заробени неколку десетици полицајци./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

