Свет
Сириската армија во офанзива пред прекинот на огнот
Сириската армија во средата од минофрлачи ги гранатирале квартовите од градот Хомс под контрола на опозициските вооружени групи, само неколку часа откако претседателот Башар ал-Асад на Обединетите нации им соопшти дека ќе го почитува примирјето коешто треба да настапи за помалку од 24 часа.
Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, за коешто официјален Дамаск тврди дека ја сочинуваат само двајца чиј претставник всушност е емигрант кој во британската престолнина држи ресторан и е без образование, соопшти дека во утринските напади врз округот Калидија загинало едно лице. Во соопштението до западните медиуми, Опсерваторијата напоменува дека станува збор за нова цел на војската во рамките на настојувањата на претседателот Башар ал-Асад да го скрши отпорот на опозицијата и да зафати подобри позиции, откако владините сили го прегазија опколеното упориште на вооружените опозициски сили во Баба Амр во Хомс, пред еден месец.
„Минофрлачкиот оган почна утрово во седум часот. Можам да слушнам по една експлозија на секои пет минути“, изјавил еден од активистите на сириската опозиција од Хомс, каде што во вторникот кога требаше да почне повлекувањето на единиците на армијата од населените области и градови, биле убиени најмалку 26 лица, пишува Reuters.
Западните сили и отфрлија на неверодостојни ветувањата на претседателот Асад дадени на специјалниот пратеник за Сирија на Обединетите нации и на Арапската лига, Кофи Анан, дека ќе го почитува примирјето, но немаат ефикасна политика да го сопрат 13-месечното крвопролевање во Сирија, поради одбегнувањето за воена интервенција и отпорот на Русија и на Кина за какава и да е надворешна меѓународна инволвираност во сирискиот конфликт и резолуција којашто би ја донел Советот за безбедност на ОН.
Сириската армија, според западните медиуми, ја продолжува офанзивата во средата и во неколку други области коишто се упоришта на опозициските групации.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон, изјави дека во среда ќе се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за да побара промена на политиката што Кремљ ја има во однос на Сирија. „Уште една ќе се обидеме да ги убедиме русите дека ситуацијата се влошува и дека се зголемува веројатноста од регионален судир и граѓанска војна“, изјави Клинтон.
Официјален Пекинг во врска со насилствата во Сирија изрази „длабока загриженост“ и ги повика и двете страни да го почитуваат примирјето. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов инцидент во Полска: дрон падна во близина на воена база
Нов инцидент поврзан со беспилотно летало е регистриран денес во Полска. Како што објавија локалните власти, мал дрон паднал во областа на воена база во централна Полска. Комерцијално достапен модел се урна во Лоѓ откако се заплетка во дрво.
Според информациите од воената полиција, не е регистрирана никаква штета. Властите брзо го идентификуваа и приведоа осомничениот оператор, 22-годишен полски државјанин, и го обвинија за кршење на прописите за воздухопловство. Имено, управувањето со беспилотни летала во близина на воен објект може да резултира со затворска казна до пет години, а истрагата е во тек. Сличен инцидент се случи на 28 јануари кога мал дрон падна врз воена база во Пжасниш, според „Киев Индепендент“.
Претходните видувања на беспилотни летала во неколку европски земји предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, додека стравувањата од ескалација на руската хибридна војна растат. Полска, членка на НАТО, е во состојба на висока готовност од септември кога неколку руски беспилотни летала беа соборени над нејзина територија за време на напад врз Украина.
Инцидентот следеше по нарушувањата на воздушниот простор на балтичките сојузници на НАТО од страна на руски борбени авиони, како и по сомнителните видувања на беспилотни летала над европските аеродроми и други стратешки цели. Некои западни лидери повикаа на порешителен и покоординиран одговор, вклучително и соборување на беспилотните летала кога е потребно.
Свет
(Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“
Националниот командант на Цивилната заштита на Португалија, Марио Силвестре, денес предупреди на опасноста од обилни дождови и силни ветрови предизвикани од бурата „Марта“ во текот на претстојната ноќ, а највисокото ниво на тревога ќе остане на сила до сабота поради ризикот од поплавување на неколку реки.
Според португалскиот „Диарио де Нотисијас“, главната загриженост се однесува на реките Дуро, Мондего и Тахо, поради влијанието на шпанските брани и високите нивоа на водата.
Storm Marta is on its way
The sky over Portugal didn't change today, with heavy clouds, as Storm Marta is expected tomorrow. Bringing strong winds, persistent rain and rough seas. Stay updated with the weather forecast here: https://t.co/urjPWjI1Fc#theportugalnews #portugal pic.twitter.com/N4IiiAJbLM
— The Portugal News (@theportugalnews) February 6, 2026
„Нè очекуваат обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 100 км/ч. Поради заситеноста на земјиштето и оштетената инфраструктура, потребно е да се биде внимателен за да нема дополнителни проблеми и жртви“, рече Силвестре.
Фото: ЕПА
Свет
Песков ги повика Русите да не ги игнорираат Олимписките игри
Прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека настапите на руските спортисти на Олимписките игри се задолжителни. Според РИА Новости, тој ќе ги гледа и церемониите на отворање и затворање.
„Дефинитивно ќе бидам таму каде што настапуваат нашите момци. Ќе бидам таму на отворањето и затворањето. Тоа мора да се види“, рече Песков.
На Зимските олимписки игри 2026 година ќе бидат доделени 116 медали во 16 спортови. Меѓу руските спортисти на кои им е дозволено да се натпреваруваат како неутрални се уметничкото лизгање Аделија Петросјан и Петр Гуменик, скијачот Никита Филипов и брзите лизгачи на кратки патеки Иван Посашков и Алена Крилова.
Фото: ЕПА

