Свет
САД: На режимот во Сирија ќе му се суди за тоа што го сторил
САД предирпедија во средата дека на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад че му биде судено врз основа на она што „сторил, а не врз основа на она што ветил“, откако официјален Дамаск вети дека ќе ги заврши своите воени операции
Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Викторуја Ноланд, изјави дека на сирискиот режим „ќе му се суди врз основа на она што направил, а не што рекол дека ќе стори“, истакнувајќи дека во средата насилството продолжиле на целата територија на Сирија, пренесува AFP.
Ова е во рамките на редовните префрлања од страна на Вашингтон за сирискиот претседател Башар ал-Асад дека не ги исполнува ветувањата дадени на меѓународниот пратеник за Сирија на Обединетите нации и на Арапската лига, Кофи Анан.
Западните сили и претходно ги отфрлија како неверодостојни ветувањата на претседателот Асад дадени на специјалниот пратеник за Сирија на Обединетите нации и на Арапската лига, Кофи Анан, дека ќе го почитува примирјето, но немаат ефикасна политика да го сопрат 13-месечното крвопролевање во Сирија, поради одбегнувањето за воена интервенција и отпорот на Русија и на Кина за какава и да е надворешна меѓународна инволвираност во сирискиот конфликт и резолуција којашто би ја донел Советот за безбедност на ОН.
Претходно во средата заменикот министер за надворешни работи Генадиј Гатилов, соопшти дека сириската влада ја информирла Москва дека прогласува прекин на огнот што ќе започне на 12-ти април во 6 часот наутро.
Претходно, специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига, поранешниот генерален секретар на светската организација, Кофи Анан, го предложи 10-ти април како краен рок од кој двете страни треба да го започнат спроведувањето на неговиот план за надминување на оружениот конфликт во земјата а по 48 часа да настпи прекин на огнот. Министерот за надворешни работи на Сирија, Валид Муалем кој во вторникот престојуваше во Москва, на руските власти им ги презентирал информациите и плановите на сириското раководство за почеток на реализација на мировниот план на Анан, во прв ред на почетокот на повлекување на армиските единици и тешкото вооружување од градовите во кои се наоѓаат вооружени претставници на опозицијата и другите населени области./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

