Свет
Северна Кореја го призна неуспешното лансирање на ракетата
Севернокорејските власти признаа дека ракетата со долг дострел во петокот наутро не успеала да го постави сателитот во орбитата, додека американски и јужнокорејски функционери тврдат дека таа се урнала во морето само неколку минути по лансирањето.
Северна Кореја тврди дека ракетата со долг дострел триесетметарска од тимот Unha-3 (Galaxy-3) која наводно требаше во орбитата на Земјата да постави метеоролошки сателит, не успеала да стигне до орбитата, потврдувајќи ги тврдењата на соседните земји коишто претходно во петокот наутро објавија за неуспешното лансирање на севернокорејската ракета.
„Сателитот чијашто намена беше следење на одредени делови од површината на Земјата за цивилни цели, не успеа да влезе во орбитата. Научниците, техничарите и другите експерти сега се обидуваат да ги откријат причините за неуспехот за лансирањето“, соопшти севернокорејската државна телевизија, пренесува Reuters.
Неуспехот на лансирањето на ракетата се толкува како голем неуспех за севернокорејскиот комунистички режим, кој со лансирањето сакаше да ја одбележи стогодишнината од раѓањето на првиот лидер и втмелувачот на комунистичка Северна Кореја, Ким Ил-Сунг.
Аналитичарите оценуваат дека јавното признание за неуспешното лансирање е невообичаено за режимот во Пјонгјанг, кој за 23-те милиони жители исклучиво дозволува достап до информациите што ги пласираат државните медиуми, Слично неуспешно лансирање на ракета со долг дострел Северна Кореја според западни извори имаше и во 2009 година, но тогаш властите тоа го прикажаа како успешно.
Со лансирањето на ракетата Северна Кореја прекрши неколку точки од неодамнешниот договор за помош во храна постигнат на преговорите во кинеската престолнина Пекинг со претставници на САД, како и санкциите воведени за Пјонгјанг од страна на Обединетите нации. САД, Јапонија и Јужна Кореја го критикуваа овој потег на Северна Кореја, додавајќи дека ќе ја засилат меѓусебната соработка кога станува збор за нуклеарната програма на Северна Кореја и нејзините чести пробни лансирања на балистички проектили./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

