Свет
Сириската опозиција се противи на странска интервенција
Претставници на сириската опозиција, кои престојуваат во посета на Русија, порачаа во вторникот дека го споделуваат руското противење на странска интервенција во Сирија, а употребата на сила од страна на опозицијата го оправдаа со одбранбено дејствување.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини „надворешните сили“ дека сакаат да ги поткопаат напорите на специјалниот претставник за Сирија на Обединетите нации и на Арапската лига, Кофи Анан, за ставање крај на крвопролевањата во земјата, пренесуваат руските медиуми.
Иако планот на поранешниот генерален секретар на светската организација Кофи Анан повикува на политички дијалог меѓу сите политички субјекти во земјата, сирискиот опозициски лидер Абдулазис ал-Каиер,, во Москва изјави дека со претседателот Башар ал-Асад може да се преговара само доколку не е одговорен за крвопролевањата.
„Неприфатливо е да се седне на преговарачката маса со претставниците на сириските власти чиишто раце се натопени со крвта на народот“, рекол Каиер,
„Доколку Асад сака да покаже дека не е одговорен за она што се случи и дека неговите раце се чисти, нека даде таква изјава и нека излезе пред соодветните тела. Меѓутоа, доколку тоа не се случи, тој и натаму е одговорен за сето крвопролевање“, дополнил Каиер.
„Сметаме дека насилството кон коешто прибегна опозицијата, така да кажеме насилството на народот, е реакција на насилството на власта и нејзините вооружени сили и дека ќе престане веднаш штом престане притисокот од страна на режимот“, изјавил на прес-конференцијата во Москва, Хаитам Манаа претставник на центристичкото сириско опозициско Национално тело за координација, коешто престојува во Москва, кој исто така во рамките на делегацијата на сириската опозиција разговараше со руските власти.
На почетокот од февруари шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров престојуваше во Дамаск каде се сретна со претседателот Асад, при што , нагласил дека ја потсетил сириската страна за неопходноста од потребата да се забрза долгогодишните политички и уставни реформи. Претседателот ал-Асад тогаш потврди дека во блиска иднина ќе биде претставен проектот за новиот устав на земјата, а потоа во најкраток можен рок ќе биде утврден датумот за спроведување на референдум за прашањето за неговото донесување. Потоа треба да се одржат општи парламентарни избори, со учество на сите политички партии, вклучувајќи го и новосоздадените во согласност со неодамна донесениот закон за политичките партии да се одржи, кој ќе биде во основата на новиот устав на Сирија, исклучувајќи ја повластената позиција за која и да е партија, вклучувајќи ја и партијата Баат“.
На почетокот од август 2011 година, претседателот ал-Асад донесе акт за воспоставување повеќепартиски политички систем во земјата. Со овој акт се дозволува формирање политички партии коишто ќе делуваат заедно со партијата Баат, која на власт се наоѓа од 1963 година, со уставен статус „лидер на државата и општеството“. Овој декрет тогаш беше донесен само неколку часови откако Советот за безбедност на Обединетите нации го засили притисокот врз сириските власти, осудувајќи го режимот на Асад поради „кршење на човековите права и употреба на сила врз цивили“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.
Свет
Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран
Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како одмазда за заедничките напади на САД и Израел низ Иран.
Целите вклучувале воздухопловната база Ал Удеид во Катар, воздухопловната база Ал Салем во Кувајт, воздухопловната база Ал Дафра во Обединетите Арапски Емирати, како и американската поморска флота во Бахреин, според иранската новинска агенција Фарс.
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека ракетите биле насочени кон земјата и биле соборени од катарската воздушна одбрана. Сведоци изјавија дека слушнале експлозии во главниот град на Катар, Доха. Претходно во текот на денот, Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека земјата е „безбедна“, но внимателно ја следи ситуацијата по нападите на САД и Израел врз Иран.
„Ситуацијата во Катар е стабилна и безбедна и во моментов нема индикации што предизвикуваат загриженост за внатрешната безбедност“, соопшти Министерството.
Извор рече дека дел од персоналот на американската воздухопловна база во Катар бил евакуиран по нападите на Израел и САД врз Иран.
Во Кувајт беа вклучени сирени за воздушен напад, каде што се слушнале силни експлозии. Во Кувајт се наоѓа седиштето на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).
Во исто време, државната новинска агенција на Кувајт објави дека кувајтската армија пресретнала ракети во нејзиниот воздушен простор.
Претходно денеска, иранската државна телевизија официјално објави дека како одговор на заедничките напади на САД и Израел, силите на Техеран извршија ракетен напад врз седиштето на Петтата флота на САД во главниот град на Бахреин – Манама.
Силни експлозии одекнаа и во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати. Државната агенција на ОАЕ објави дека земјата делумно и привремено го затворила својот воздушен простор.
„Овој напад е грубо кршење на националниот суверенитет и меѓународното право, а ОАЕ го задржува правото да одговори на ескалацијата“, се вели во соопштението на ОАЕ.
Амбасадата на САД во ОАЕ, како и дипломатските мисии на САД во Катар и Бахреин, воведе режим на изолација за сите свои вработени и ги повика сите граѓани на САД на територијата на арапската земја да се самоизолираат до понатамошно известување.
Според медиуми, силни експлозии одекнле и во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.
Сирија затвори дел од својот воздушен простор на југот од земјата, во близина на израелската граница.
САД и Израел почнаа да напаѓаат локалитети низ Иран денеска, вклучително и во главниот град Техеран, бидејќи тензиите меѓу земјите прераснаа во отворен конфликт. Иранските сили, исто така, лансираа бран ракети кон Израел.

