Свет
Хакери направија „државен удар“ во Катар
Панарапската телевизија Al Arabia соопшти дека на својата интернет страница не ја пренесла информацијата за „обид за државен удар во Катар“…
Панарапската телевизија Al Arabia соопшти дека на својата интернет страница не ја пренесла информацијата за „обид за државен удар во Катар“, и оти провокативниот извештај е дело на ткн Сириска електронска армија којашто направила двојник на нејзината електронска страница, се вели во соопштението од вторникот попладне на порталот на телевизијата.
На лажната интернет страница како вест била поставена информацијата за наводен обид за државен удар во палатата во Доха, кој, наводно, бил организиран од блискиот на кувајтскиот суверен, генералот Хамад Ал-Атијах, соопшти Al Arabia.
„Ова не е првпат Al Arabia да се соочува со ваков вид електронски диверзии“, се нагласува во соопштението на телевизијата.
Медиумите во повеќе земји во понеделникот објавија вест за вооружен обид за државен удар во Катар, повеќето од нив повикувајќи се на иранската телевизија на англиски јазик Press TV. Иранската новинска агенција Fars објави дека превратот се обиделе да го изведат офицери од гардата на самиот емир на Катар, Хамад бин Калифа ал-Тани, од составнот на телохранителите на шефот на државата. Според Fars, „жестоки судири“ избиле меѓу катарските гардијци и американските војници стационирани во овој емират во Персискиот залив, а триесетина офицери од обезбедувањето, вклучувајќи го и командантот на гардата генералот Хамад Ал-Атијах, биле уапсени.
Според катарските медиуми, емирот на Кат,р. шеикот Хамад бин Калифа ал-Тани, во моментов престојува во официјална посета на Малта.
Владите на Катар и на Саудиска Арабија се најжестоките критичари на сирискиот претседател Башар ал-Асад, а министрите за надворешни работи на овие држави постојано повикуваат на вооружување на сириската опозиција. Властите во влијателните за сунитскиот свет престолнини, Ријад и Доха, го поддржуваат сунитското мнозинство во Сирија, коешто, според нивното мислење, е подложено на репресија од страна на режимот на Башар ал-Асад, составен главно од претставници на алавитите.
Во информативната војна што ја водат Доха и Ријад против актуелните власти во Дамаск, примарната улога им е дадена на сателитски панарапски телевизии Аl Jazeera и Al Arabia, коишто се под контрола на тамошните влади.
Според државната Сириска арапска новинска агенција (SANA), „сириската електронска војска“ се претставува себеси како „неформално младинско социјално здружение, коешто си поставило за цел спротиставување на кампањата за дезинформации во врска со настаните во Сирија“.
„Активистите на страницата на ‘сириската електронска армија’ нагласуваат дека, како и војниците на вооружените сили на Сирија, и тие водат вистинска војна на Фејсбук и Твитер, стоејќи на стражата на независноста и суверенитетот на Сирија“, се вели во еден материјалите на сириската агенција SANA./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов инцидент во Полска: дрон падна во близина на воена база
Нов инцидент поврзан со беспилотно летало е регистриран денес во Полска. Како што објавија локалните власти, мал дрон паднал во областа на воена база во централна Полска. Комерцијално достапен модел се урна во Лоѓ откако се заплетка во дрво.
Според информациите од воената полиција, не е регистрирана никаква штета. Властите брзо го идентификуваа и приведоа осомничениот оператор, 22-годишен полски државјанин, и го обвинија за кршење на прописите за воздухопловство. Имено, управувањето со беспилотни летала во близина на воен објект може да резултира со затворска казна до пет години, а истрагата е во тек. Сличен инцидент се случи на 28 јануари кога мал дрон падна врз воена база во Пжасниш, според „Киев Индепендент“.
Претходните видувања на беспилотни летала во неколку европски земји предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, додека стравувањата од ескалација на руската хибридна војна растат. Полска, членка на НАТО, е во состојба на висока готовност од септември кога неколку руски беспилотни летала беа соборени над нејзина територија за време на напад врз Украина.
Инцидентот следеше по нарушувањата на воздушниот простор на балтичките сојузници на НАТО од страна на руски борбени авиони, како и по сомнителните видувања на беспилотни летала над европските аеродроми и други стратешки цели. Некои западни лидери повикаа на порешителен и покоординиран одговор, вклучително и соборување на беспилотните летала кога е потребно.
Свет
(Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“
Националниот командант на Цивилната заштита на Португалија, Марио Силвестре, денес предупреди на опасноста од обилни дождови и силни ветрови предизвикани од бурата „Марта“ во текот на претстојната ноќ, а највисокото ниво на тревога ќе остане на сила до сабота поради ризикот од поплавување на неколку реки.
Според португалскиот „Диарио де Нотисијас“, главната загриженост се однесува на реките Дуро, Мондего и Тахо, поради влијанието на шпанските брани и високите нивоа на водата.
Storm Marta is on its way
The sky over Portugal didn't change today, with heavy clouds, as Storm Marta is expected tomorrow. Bringing strong winds, persistent rain and rough seas. Stay updated with the weather forecast here: https://t.co/urjPWjI1Fc#theportugalnews #portugal pic.twitter.com/N4IiiAJbLM
— The Portugal News (@theportugalnews) February 6, 2026
„Нè очекуваат обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 100 км/ч. Поради заситеноста на земјиштето и оштетената инфраструктура, потребно е да се биде внимателен за да нема дополнителни проблеми и жртви“, рече Силвестре.
Фото: ЕПА
Свет
Песков ги повика Русите да не ги игнорираат Олимписките игри
Прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека настапите на руските спортисти на Олимписките игри се задолжителни. Според РИА Новости, тој ќе ги гледа и церемониите на отворање и затворање.
„Дефинитивно ќе бидам таму каде што настапуваат нашите момци. Ќе бидам таму на отворањето и затворањето. Тоа мора да се види“, рече Песков.
На Зимските олимписки игри 2026 година ќе бидат доделени 116 медали во 16 спортови. Меѓу руските спортисти на кои им е дозволено да се натпреваруваат како неутрални се уметничкото лизгање Аделија Петросјан и Петр Гуменик, скијачот Никита Филипов и брзите лизгачи на кратки патеки Иван Посашков и Алена Крилова.
Фото: ЕПА

