Свет
Путин и Медведев првомајската прослава ја завршија со пиво
Рускиот претседател во заминување Дмитриј Медведев и избраниот претседател Владимир Путин во вторникот првпат се придружија на традиционалните првомајски демонстрации во Москва на коишто излегле повеќе до 150 илјади луѓе, пренесува РИА Новости.
Дмитриј Медведев и Владимир Путин на дел од етапата ја предводеа поворката организирана од Сојузот на руските синдикати низ централниот дел на руската престолнина Москва и притоа разговараа со многуте учесници на демонстрациите.
Меѓу учесниците во поворката, покрај двајцата челници биле и повеќе високи функционери на владејачката партија Единствена Русија и младински движења коишто ја поддржуваат актуелната политика што ја спроведува Кремљ.
Учесниците во поворката извикувале пароли со коишто се бара подобра заштита на работниците и ги критикувале плановите на руската влада за измени во пензискиот систем.
Московската полиција издаде соопштени во коешто се вели дека иако на овие демонстрации било најавено учество на околу 100 илјади луѓе, во поворката што се движела од Тверски Застави по улиците Тверска и Мохова до плоштадот Боровицки, учествувале 150 илјади лица, но не биле регистрирани инциденти.
За вторникот подоцна се најавени и други празнични демонстрации во Москва и другите руски градови.
Медведев и Путин по завршување на поворката седнале на кригла пиво во московскиот паб „Жигули“ на познатата московска улица Арбат, каде што ги чекала веќе маса на којашто биле послужени со исушени риби, чипс, ореви, пирошки, ракчиња и пиво.
„Ја никогаш не сум бил тука“, признал Медведев интересирајќи се зошто овој паб е толку популарен меѓу московјаните. Сопственикот на локалот, Андреј Кобзон, потврдил дека барот е многу популарен.
Иако мезе на маса имало доволно, Медведев и Путин одлучиле детално да го проучат менито и порачувале од него што ќе посакаат. Медведев зел варени компири со бакалар, а Путин – пржени компири, колбаси од јагнешко месо. И двајцата го пиеле нефилтрираното жигуливско пиво./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.