Свет
Шпанија ја критизира боливиската национализација на локалната филијала на Ред Електрика
Шпанија во средата ја предупреди Боливија дека национализацијата на локалната филијала на шпанската компанија „Red Electrica“ во чија сопственост се повеќето боливиски мрежи за електрична енергија, ќе и’ наштети кај странските инвеститори.
„На владата на Шпанија не и’ се допаѓаат ваквите одлуки, бидејќи сметаме дека е клучно да се соочува правната сигурност во инвестицискиот процес во земјите како што е Боливија“, изјави шпанскиот министер за стопанство, Луис де Гуиндос во Брисел каде треба да се сретне со колегите од земјите членки на Европската унија#, пренесува Reuters.
Локалната филијала на шпанската компанија „Red Electricа TDE“ управува со 1.900 километри електродистрибуциската мрежа во Боливија. Во недиректна сопственост на шпанската компанија 99,89 отсто од TDE, која минатата година остварила нето добивка од 12,5 милиони евра.
Боливискиот претседател Ево Моралес образложи дека приватизацијата на TDE е од недоволните вложувања во Боливија.
Портпаролот на шпанската „Red Electrica“, Антонио Прада ги отфрли ваквите тврдења, истакнувајќи дека компанијата вложила „износ потребен за одржување и подигнување на стандардот на квалитетот“ на боливиската мрежа за дистрибуција на електрична енергија.
Според аналитичарите оваа приватизација дојде во најнезгодниот момент за шпанската влада, којашто е сопственик на 20 отсто од компанијата „Red Electrica“, имајќи предвид дека се соочува со рецесија, голема невработеност и стравување на инвеститорите дека на Мадрид ќе му биде неопходна меѓународна финансиска помош, како претходно на Ирска, Португалија и Грција.
Министерот Прада истакна дека владата ќе води сметка за тоа Боливија да плати фер цена за експропријацијата на компанијата.
Сепак тој додаде дека не постои поврзаност меѓу овој случај кој ја вклучува компанијата „Red Electrica Corporacion“ и аргентинскиот процес на национализација на компанијата YPF, филијала на шпанскиот енергетски гигант „Repsol“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

