Свет
АП се извини за отказот на новинарот кој обајви крај на војната
Американската новинска агенција Associated Press му се извини на новинарот Ед Кенеди кому му дала отказ бидејќи го прекршил договореното ембарго на големите сили и „ден прерано“ го објави завршувањето на Втората светска војна,
АП се извини за отказот на новинарот кој објави крај на војната Њујорк, 05.05.2012 (Макфакс) – Американската новинска агенција Associated Press му се извини на новинарот Ед Кенеди кому му дала отказ бидејќи го прекршил договореното ембарго на големите сили и „ден прерано“ го објави завршувањето на Втората светска војна,
Фашистичка Германија ја потпиша капитулацијата ноќта на 7-ми мај 1945 година во штабот на американскиот генерал Двајт Ајзенхауер во францускиот град Ремс. Едвард Кенеди бил еден од 17-те воени репортери кои биле повикани да присуствуваат на тој чин, но морале да се согласат на ембарго на објавување на веста договорено меѓу претставниците на големите сили по инсистирање на советскиот водач Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин додека советската страна не го подготви второто потпишување на капитулацијата во Берлин на 8-ми мај.
Кенеди како и сите други присутни новинари се согласил на ембаргото, но се предомислил кога на 7-ми мај попладне слушнал дека веста ја објавило германското радио во Фленсбург. Тој ја повикал редакцијата на агенцијата во Лондон и ја објавил капитулацијата на Германија, претекнувајќи ја така конкуренцијата и разгневувајќи ги сојузничките команданти. Агенцијата за тоа му врачила отказ, а ниту другите медиумски куќи не застанале во негова одбрана.
Associated Press по 67 години призна дека Кенеди бил во право и се извини.
„Тоа беше грозен ден за Associated Press. Се однесовме на најлошиот можен начин“, изјави претседателот на управата на агенцијата, Том Карли.
Кенеди кој дотогаш ги почитувал сите воени цензори поради безбедноста на војниците, после изјавил дека го прекршил ембаргото бидејќи, иако имало воена ознака, всушност било политичко. Тврдел дека секогаш би постапил на ист начин.
Ед Кенеди кој по отказот нашол работа во калифорниски весник, а загинал во сообраќајна несреќа во 1963 година, на 58-годишна возраст.
Неговата ќерка Џулиа Кенеди Кохран изјави дека е пресреќна од извинувањето на агенцијата. „Мислам дека тоа многу ќе му значеше“, рекла./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

