Свет
Во терористички напад во Сирија девет убиени
Најмалку девет луѓе загинаа а повеќе од 100 се ранети во самоубиствен бомбашки напад во градот Деир Езор, на исток од Сирија, соопшти портпаролот на министерството за внатрешни работи пренесува државната агенција SANA.
Автомобилот-бомба експлодирал во станбен кварт при што била направена и голема материјална штета, што е прв ваков напад во Деир Зазор, а по неколкуте во главниот град Дамаск и во вториот сириски град по големина Алепо изминатите месеци.
,Сириската опсерваторија за човекови права (OSDH) со седиште во Лондон, прецизираше дека нападот бил изведен на улица на којашто се наоѓа објект на военото разузнавање и воена болница.
И во овој напад, сепак, најголемиот број од жртвите се цивили. Меѓу жртвите, како што пренесува SANA, се „цивили и припадници на обезбедувањето на зградата на военото разузнавање“ во чија близина се случила експлозијата. На местото од нападот останал кратер со дијаметар од пет и длабочина од 2,5 метри.
Претходно, портпаролот на сириското Министерство за надворешни работи, Џихад Макдеши, соопшти за седум загинати. Тој рече дека нападот бил изведен со автомобил-бомба, во кој имало сместено околу 500 килограми експлозив.
Претходно на 10-ти мај на автопатот кој води кон меѓународниот аеродром во главниот град Дамаск, се случија две силни експлозии. Целта на овој напад што сириските властиго квалификуваа како терористички, загинаа 55 лица повеќето цивили, а беа повредени 372.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Генадиј Гатилов соопшти дека во нападот во Дамаск има вмешаност на глобалната терористичка организација Ал Каеда. Од друга страна, претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, Мартин Несирки рече дека за ова тврдење не постојат цврсти докази.
Антивладините протести инспирирани со ткн Арапска пролет во другите муслимански земји од африканскиот север и во арапскиот свет кои започнаа во февруари 2011 година прераснаа во вооружен конфликт откако претседателот Башар ал-Асад се обиде да ги задуши. Според ОН во судирите меѓу сириската војска и вооружената опозиција загинале повеќе од 9.000 лица, претежно цивили, додека официјален Дамаск тврди дека станува збор за двојно помалку жртви од кои над 3.000 се припадници на безбедносните сили кои загинале „во напади на вооружени терористички групи помогнати од странство“.
Во моментов во Сирија според планот и специјалниот претставник за Сирија на ОН и на Арапската лига, Кофи Анан, за решавање на ситуацијата е прогласен прекин на огнот, но кој не се почитува и од двете страни.. Во Сирија 1на 15-ти април пристигна првата група воени невооружени набљудувачи со мандат на ОН а на 21-ви април Советот за безбедност едногласно го одобри 21 април испраќање во Сирија до 300 набљудувачи за следење на усогласеноста со прекин на огнот, а сега на терен се присутни околу 260 мировници./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.