Свет
Лонже: Ставот на Оланд е неоджливо
Поранешниот француски министер за одбрана, Жерар Лонже во неделата го оцени како „неодржлив“ ставот на претседателот Франсоа Оланд искажан на самитот на НАТО во Чикаго за повлекување на француските единици од Авганистан до крајот на годината.
„Тоа е неодржлив став, бидејќи во 2011 година, во време на Жак Ширак и премиерот Лионел Жоспен влеговме во коалицијата во Авганистан, што значи дека влегуваме заедно и заминуваме заедно“, изјави Жерар Лонже за RTL.
Тој смета дека повлекувањето на борбените единици кон крајот на 2012 година е „технички тешко, нелојално кон сојузниците и разочарувачки за француските војници коишто извршиле одлична работа со обуката на авганистанската војска, која сега може да ја преземе таа задача“.
Поранешниот француски министер за одбрана укажува дека нема само американските единици да останат во Авганистан, како што рече претседателот Оланд, туку 46 земји од коалициите, од коишто 28 се членки на НАТО, а нивното повлекување од Авганистан е предвидено до крајот на 2014 година.
Како што се најавува, францускиот претседател Франсоа Оланд на самитот на НАТО треба да ја објави одлуката за повлекувањето на француските единци од Авганистан , со задржување само на водителите на воената обука во главниот град Кабул./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

