Свет
Сириските бунтовници киднапираа либански шиити
Сириските бунтовници во четвртокот киднапираа киднапираа најмалку 13 либански шиитски аџии во градот Алепо во северниот дел од Сирија, јавува Reuters.
Според агенцијата, верниците се враќале од посета на Иран, најголемата шиитска држава во исламскиот свет. Роднините на киднапираните излегле на улиците и го блокирале неколку патишта.
Инцидентот се случи два дена откако либанската војска застрела еден сунитски имам и уште еден следбеник на движењето, коишто демонстрираа против владата на Сирија. Како што пренесува агенцијата, по веста за смртта на имамот, жителите на регионот Аккар каде што се случил инцидентот, се одржале демонстрации во знак на протест со блокирања неколку важни патни правци.
Во северниот дел на Либан, а особено во административниот центар на Северен Либан – Триполи, последните седмици се случија неколку сериозни судири меѓу сунитското население коешто ги поддржува бунтовниците во Сирија и алавитите (изданок на шиитскиот ислам), коишто го поддржува сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Во соседен Либан, избувнаа судири во градовите Триполи и Бејрут меѓу приврзаниците на сирискиот претседател ал-Асад, односно меѓу муслиманските фракции на сунитите и алавитите. Се стравува дека така насилството може да се пресели и во соседен Либан кој последните 30 години беше под сириска заштита како и исламистичкото пропалестинско движење Хезболах.
Либанската опозиција го обвини официјален Дамаск дека сака да го пренесе хаосот во Либан за да ги сврти судирите во Сирија./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

