Свет
Бомба во аргентински театар пред посетата на екс-претседателот на Колумбија
Аргентинската полиција во вторникот пронашла експлозивна направа во една од просториите на театарот во Буенос Аирес, каде што во средата треба да одржи говор поранешниот колумбиски претседател Алваро Урибе.
Информацијата за Associated Press ја потврдил судијата Норберто Ојарбиде претставник на истрагата. Според Ојарбиде, атентаторите имале намера бомбата да ја активираат со мобилен телефон.
Експлозивната направа била сокриена во блокот за снабдувањето со електрична енергија, кој служел за осветлување на вториот кат од театарот „Гран Рекс“.Полицијата целосно го евакуирала театарот, за да ја демонтира бомбата.
Во електронска порака до агенцијата, Урибе изјавил дека воопшто не бил свесен за закана од атентат.
Според најавите за посетата на Урибе на Аргентина, по говорот во театарот тој треба да се сретне со претставници на бизнис заедницата.
Урибе кој беше претседател на Колумбија во периодот од 2002 до 2012 година, е поканет да се говори за трансформацијата на неговата земја на симпозиумот за бизнисмени организиран до приватната компанија „WOM-Latam“, којашто организира лидерски семинари за кои коктел влезницата чини повеже од 500 американски долари.
Претходно седмицава, колаицијата на левичарите и Колумбијците коишто живеат во Аргентина, соопштија дека организаторите на семинарот лажно го претставуваат Урибе како миротворец обивнувајжи го за „најодвратни злосторства“.
Успехот што последните години го имаат колумбиските власти во борбата против вооружената леворадикална формација FARC (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia), како и другите помали екстремни организации во Колумбија кои се финансираат од продажби на кокаин, му се припишува на поранешниот конзервативен претседател Алваро Урибе, чиј татко во 1983 година беше киднапиран и убиен од оваа организација.
Урибе го сметаат за херој во Колумбија, бидејќи им нанесе големи загуби на бунтовници и притоа привлече странски инвестиции во земјата, која со децении е поделена од граѓанска војна. Неговата политика доби значителна поддршка во воена помош и парични средства од САД./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Пожар во трговски центар во Пакистан, 6 лица загинаа, 11 се повредени
Во голем пожар што зафати трговски центар во центарот на Карачи, најголемиот град во Пакистан, загинаа шест лица, а 11 се повредени, објави „Ројтерс“. Пожарот избувнал во саботата навечер во трговскиот центар „Гул Плаза“, по што брзо се проширил од приземјето кон горните катови и ја зафатил речиси целата зграда.
Противпожарните екипи интервенирале во текот на ноќта за да го спречат ширењето на огнот во густо населената деловна зона. Во меѓувреме, стотици луѓе се собрале околу објектот, меѓу нив и сопственици на уништени продавници.
#WATCH | A massive fire breaks out at Gul Plaza, a multi-storey shopping mall in central Karachi, killing at least three people and injuring more than 20.#GulPlaza #Karachi #Fire #Accident #Shoppingmall pic.twitter.com/PX7yvGMcUi
— The Federal (@TheFederal_News) January 18, 2026
Од цивилната болница во Карачи соопштија дека се примени шест тела и 11 повредени лица, а полицијата ги активирала протоколите за масовни катастрофи. Локалните медиуми јавуваат дека делови од зградата почнале да се уриваат и постои страв од целосно рушење на конструкцијата.
Свет
(Видео) Париското обвинителство отвори истрага по падот на спратот за време на забавата во Париз, едно лице потешко повредено
Во текот на ноќта во Париз се урна кат од зграда на кој се одржувала забава со присуство на педесетина лица. Во инцидентот се повредени 20 лица, од кои едно потешко, јави „Ле Монд“.
Париското државно обвинителство потврди во неделата наутро за агенцијата Франс-прес (АФП) дека е покрената истрага за причините на несреќата. Според последните информации од противпожарната служба, 14 лица се здобиле со полесни повреди, додека едно лице е потешко повредено и пренесено во болница. Обвинителството соопшти дека е отворена истрага за околностите на повредите и дека увидот е во тек.
PARIS : 20 personnes ont été blessées, dont une grièvement, après l’effondrement d’un étage d’immeuble lors d’une soirée où étaient réunies une cinquantaine de personnes dans un appartement rue Amelot, dans le 11ᵉ arrondissement. (AFP / Actu17)pic.twitter.com/lg3SJyBQsn
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) January 18, 2026
Пожарникарите ја примиле пријавата малку по полноќ, откако кат од зградата на улицата „Амело“ во 11. париски арондисман се урнал врз станот под него. Првичните наоди укажуваат дека причината за уривањето е „структурална“, а не е поврзана со истекување гас.
Во интервенцијата учествувале околу 125 пожарникари со четириесетина возила, како и бројни екипи на итна медицинска помош. Улицата во неделата наутро повторно била отворена за сообраќај.
Свет
Мелони: Му се јавив на Трамп и му кажав што мислам
Иако Италија можеби не е меѓу земјите на кои им се закануваат новите американски царини, премиерката Џорџа Мелони изјави дека одлуката на Доналд Трамп ја смета за „грешка“.
Во изјава за новинарите за време на нејзината посета на Јужна Кореја, Мелони потврди дека својот став му го пренела лично на Трамп неколку часа претходно.
„Разговарав со Трамп и му кажав што мислам. Зголемувањето на царините против нациите што одлучија да придонесат за безбедноста на Гренланд е грешка, и не се согласувам со тоа“, рече Мелони.
Италијанската премиерка додаде дека за споменатите царини разговарала директно со Трамп.
„Мислам дека беше заинтересиран да слуша, но ми се чини дека пораката која доаѓа од оваа страна на Атлантикот не беше доволно јасна за Америка“, изјави таа, без да открие како Трамп реагирал на нејзините зборови.
Мелони посочи дека веројатно дошло до „проблем во разбирањето и комуникацијата“ меѓу Европа и САД околу одлуката на неколку европски држави да распоредат ограничен број војници на Гренланд.
Таа нагласи дека таа одлука не треба да се толкува како „антиамериканска“ и додаде дека „дијалогот мора да продолжи, а ескалацијата да се избегне“.

