Свет
Оланд не исклучува воена интервенција во Сирија
Францускиот претседател Франсоа Оланд во вторникот оцени дека по масакрот во сирискиот град Хула, воената интервенција во оваа земја не е исклучена, под услов да ѝ претходи расправа во Советот за безбедност на Обединетите народи.
„Воената интервенција не е исклучена, со услов да се спроведува со почитување на меѓународното право, имено по дебата во Советот за безбедност на Обединетите нации“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд, одговарајќи на прашање на националната телевизија France 2.„Потребно е, исто така, да се најде решение коешто нема нужно да биде воено. Сега треба да се врши притисок, за да се урне режимот на Башар ал-Асад. Мораме да најдеме друго решение“, додаде Оланд.„Треба да се донесат санкции, тие мора да се засилат. Ќе разговарам за тоа со господин Путин, бидејќи тој во петок доаѓа во Париз. Тој, заедно со Кина, најмногу се држи во заднината кога станува збор за санкциите. Но мораме да ги убедиме дена не смееме да дозволиме режимот на Башар ал-Асад да врши масакр над сопствениот народ“, вели претседателот на Франција.Оланд рече дека на почетокот од јули ќе биде одржана конференција на групата Пријатели на Сирија на којашто треба да се обедини и организира сириската опозиција за да може „да го замени режимот“. Западот во вторникот го заостри својот став во однос на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, откако Европејците и САД најавија протерување на сириските дипломати како одговор на масакрот во Хула во кој беа убиени 108 луѓе за што тие ја обвинуваат регуларната армија на Сирија.„Не можев да останам рамнодушен на овој масакр“, рече Оланд во разговорот за телевизијата, истакнувајќи дека ја донел одлуката во „договор“ со другите претседатели на држави.Во вторникот во знак на протест и осуда на трагедијата во Хула, своите амбасадори од Дамаск ги повлекоа Велика Британија, Франција, САД, Германија, Италија, Канада, Шпанија, Холандија, Белгија и Швајцарија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.
Свет
Германските војници го напуштија Гренланд
Извидничкиот тим на германската армија Бундесвер го напушти Гренланд по само два дена престој.
Повлекувањето го објавија „Билд“ и „Дер Шпигел“, а информацијата за новинската агенција ДПА ја потврди и портпаролот на германското Министерство за одбрана.
Според „Билд“, кој прв ја објави веста, војниците биле информирани за ненадејното заминување дури утрово.

