Свет
Мубарак осуден на доживотен затвор
Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак во саботата е осуден на доживотен затвор поради убиствата на демонстрантите во текот на бунтот против неговото децениско владеење, се наведува во пресудата на судот во Каиро.
Судењето на 84-годишниот Хосни Мубарак започна во август минатата година, а целата постапка во судницата ја следеше од специјална болничка постела. Неговата здравствена состојба за цело време на процесот беше предмет на спорење, па се јавија шпекулациите дека е болен од срце и од карцином, но тоа беше демантирано од египетското министерство за здравство.
На судот пред Мубарак пристигнаа неговите синови Алаа и Гамал, поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ел-Адил и шест поранешни високи функционери на службите за безбедност на коишто исто така им се судеше за убиствата на демонстрантите во текот на ткн Арапска пролет.
Мубарак на обвинението се изјасни дека не се чувствува виновен.
Веднаш по прочитувањето на пресудата, избувнал жесток вербален па потоа и физички судир меѓу адвокатите на двете страни и роднините на жртвите и на осудените во самата судница на Полициската академија во Каиро.
Веднаш по изрекувањето на пресудата во салата почнале извици со барање за казна за Мубарак, а потоа набрзо во партерот избувнала тепачка.
На доживотен затвор е осуден и поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ал-Адли. Сите други обвинети се ослободени. Синовите на поранешниот претседател Гамал Алаа се ослободени од обвинението, поради застареност.
Обвинителството бараше смртна казна за главните обвинети, Хосни Мубарак и поранешниот министер за внатрешни работи на Египет, Хабиб ал-Адли. Нивните адвокати побараа ослободителна пресуда.
Во текот на растурањето на масовните народни демонстрации на крајот од јануари и почетокот на февруари минатата година, што на крајот доведоа до падот на поранешниот претседател Мубарак, загинаа повеќе од 800 лица, а неколку илјади беа ранети./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

