Свет
При падот на нигерискиот авион загинале најмалку 10 луѓе на земја
По падот на авионот во Нигерија, во кој имало 153 патници од кои никој не преживеал, пронајдени се уште десет лица кои смртно страдале на земја, бидејќи авионот паднал врз густо населено подрачје.
Бројот на мртви, пишува Си-Ен-Ен, веројатно ќе биде уште поголем. Имено, патничкиот авион удрил во две станбени згради во најнаселениот нигериски град Лагос.
Не е познато колку точно луѓе живееле во тие згради и колку во моментот на падот на авионот биле на улиците покрај зградите. Во несреќата изгореле уште три куќи. Околното население било евакуирано веднаш по несреќата.
Портпаролот на авиокомпанијата „Дана Ер“ потврди дека еден од нивните авиони паднал на периферијата на Лагос, откако загубиле контакт со леталото.
Нигериски патнички авион со 153 патници се урна во неделата врз населба во најголемиот нигериски град и еконосмки центар Лaгос, соопшти директорот на агенцијата за цивилно воздухопловство, Харолд Демурен за AFP.
„Се урна авион на компанијата Dana Air кој летал од главниот град Абуџу во Лагос со 153 патници“, изјавил Харолд Демурен.
Според портпаролот на полицијата во Лагос авионот се урнал врз квартот Љу, во северниот дел од градот кој има околу осум милиони жители.
Претходно Associated Press јави повикувајќи се на шефот на спасувачката служба на сојузната држава Лагос, Феми Оке-Псаниполу, дека авионот се урнал врз двокатна зграда.
Очевидците рекле дека авионт се урнал врз една зграда.
Компанијата Dana Air почна со работа во 2008 година и во моментов е една од главните нигериски воздухопловни компании. Нејзините авиони летаат на редовните линии меѓу градовите Абуџу, Цаланар, Лагос, Прт Харкурт и Ујо.
Во саботата навечер авионот од типот „Boeing 727-200“ на нигериската авиокомпанија Allied Air, кој ја промашил пистата на меѓународниот аеродром Котока во Акра, главниот град на Гана, удрил во минибус при што загинаа десет луѓе.
Причините за падот се утврдуваат. /крај/дн/сн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

