Свет
САД не ја обвинува Русија за снабдување со оружје на Сирија
Пентагон не се сомнева дека Русија ја снабдува Сирија со оружје за Сирија, Москва го исполнува претходно склучениот договор со Дамаск за воено техничка соработка, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
„Сакам да ве потсетам на изјавата на руската влада, во кое беше кажано дека станува збор за реализација на од поодамна потпишан договор, според кој тие (Русија – з.р.), се должни да ја снабдат со хеликоптери сириската страна. Се разбира, ние им ја изложивме (на руската страна -з.р.) нашата позиција во однос на недозволивоста на доставувањето ново оружје, коешто би можело да биде употребено против цивилите“, изјави портпаролот Кирби на брифинг со новинарите ноќта кон средата според средноевропско време.
Според него, меѓу САД и Русија постојат разлики во врска со решавањете на сириската криза, но и двете земји се согласуваат дека во Сирија е неопходно да се поддржи политичкиот дијалог меѓу сите инволвирани страни.
Минатата седмица американската државна секретарка Хилари Клинтон ја обвини Русија за снабдување со борбени хеликоптери на армијата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, но подоцна Стејт департментот практично ги повлече овие обвинувања додавајќи дека станува збор за всушнсот за доставување на ремонтирани борбени хеликоптери Ми-25 кои во Русија биле на поправка, што претходно го соопшти Кремљ.
Во вторникот, инаку, беше запрен товарниот брод „Alead“ на руската бродска компанија „Фемко“ во близина на брегот на Шкотска, откако британската осигурителна компанија „Standard Club“ ги поништи осигурителните полиси за осумте брода на руската компанија.
Крајната дестинација на бродот „Аlaed“ којшто исплови од руското пристаниште Калининград на Балтикот, кој наводно ги превезува борбените хеликоптери од типот Ми-25, е пристаништето Тартус, каде што се наоѓа единствената руска морнаричка база во Средоземјето.
Во однос на ткн „хеликоптерска криза“, Русија тврди дека го почитува договорот на Советот за безбедност на Обединетите нации и дека во случај испораката на хеликоптерите за Сирија всушност станува збор за ремонт на сириски борбени хеликоптери од руско производство, според договор што бил потпишан многу пред да започне 15-месечната криза во Сирија./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.

