Свет
Рио+20 донесе програма за сузбивање на сиромаштијата
Самитот на организацијата на ОН за одржлив развој Рио+20 во петокот заврши со усвојување на изјавата која треба да создаде услови за ткн зелен раст на планетата, повеќе еколошки и социјално насочено, но без конкретни задачи.
По тридневниот состанок на врвот на кој учествуваа 86 претседатели на држави и влади и други високи политички претставници од околу 188 земји со консензусот го одобрија текстот напишан на 56 страници под наслов „Иднина каква што сакаме“.
Изјавата ја поздравија Обединетите нации и САД, но невладините граѓански здруженија остро ја критикуваа поради недостигот од амбиции.
Повеќе илјади активисти го изразија своето големо незадоволство во текот на одржувањето на самитот, предупредувајќи на неуспех на Рио+20.
„Се распоредуваат лежалки на палубата на Титаник додека тој тоне“, оцени Куми Наидо, главен директор на светската еколошка организација Greenpeace International.
Самитот Рио+20 сепак утврди некои насоки за натамошна борба со несреќите што ја зафатија планетата, како што се сиромаштијата, гладот, климатските промени, ширењето на пустините и исцрпувањето на природните богатства.
Најважната одлука на самитот се смета поставувањето на „Целите за одржливиот развој – ОDD“, според урнекот на Милениумскиот самит од 2000 година на Обединетите нации. Меѓутоа, нивното дефинирање е препуштено на работна група којашто своите предлози ќе ги изнесе во 2013 година, а ќе почне да ги спроведува во 2015 година/.
Според заедничката декларација, Рио+20 се залага за ткн „зелена економија“, модел на развој помалку погубен за планетата којашто до 2050 година ќе има 9,5 милијарди жители, а денес има 7 милијарди.
Меѓутоа, поради загриженоста на сиромашните земји, одредувањето на „политиките на зелената економија“ е препуштено на секоја земај поединечно, а во завршната изјава се истакнува дека тие не смеат да бидат изговор за „прикриеното ограничување на меѓународната трговија“.
Прашањето на финансирањето, исто така, остана нерешено. Имено во период во кој трае финансиската криза и со испразнети каси, богатите земји веќе не знаат од каде да изнајдат средства. Предлогот на земјите во развој за фонд со 30 милијарди долари остана без одговор. /крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

