Свет
Сирија:Турскиот авион јасно го наруши сирискиот суверенитет
Сириската противвоздушна одбрана мораше да реагира откако турскиот воен авион кој леташе на височина од сто метри а се наоѓаше во сирискиот воздушен простор јасно кршејќи го суверенитетот на земјата, рече во понеделникот портпаролот на владата Џихад Макдиси.
„Сирија реагираше на нарушувањето. Ние веднаш моравме да реагираме, дури авионот да беше и сириски ќе го урневме’, изјави портпаролот на сириската влада Џихад Макдеси на прес-конференција во главниот град Дамаск, пренесува државната агенција SANA.
Макдеси дополни дека леталото од типот американски борбени авиони „ RF-4E Phantom“ на турските воздухопловни сили, е соборен со оган отворен од противвоздушните топови а не со радарски насочувана ракета. И покрај инцидентот, Сирија останува доследна на одржувањето „соседски односи“ со Труција, додал Макдеси.
Сирија уште во петокот објави дека нејзината противвоздушна одбрана го соборила турскиот воен авион над нејзините територијални води откако тој навлегол во нејзиниот воздушен простор. Агенцијата SANA веднаш објави мапа со трасата на летот, според која авионот го нарушил сирискиот воздушен простор, направил круг, но и бил соборен во близина на сирискиот брег. Меѓутоа, турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу рече дека авионот бил соборен во меѓународниот воздушен простор, а дека делови од леталото паднале во територијалните води на Сирија. Давутоглу рече дека авионот бил во тренажна мисија за проверка на радарскиот систем на неговата земја, и дека неговата мисија не била насочена против Сирија, како и дека авионот не бил вооружен, Сирија била однапред запознаена со летот, а сириската страна не го предупредила екипажот за планираните активности, како што бара меѓународното право.
Директорот на рускиот Центар за анализа на глобалната трговија со оружје (Русија е главниот снабдувач со оружје на Сирија и досега со поддршка на Кина двапати блокираше носење резолуција во Советот за безбедност на ОН со која ќе биде осуден само режимот на претседателот Башар ал-Асад – з.р.), Игор Коротченко истакна дека сирискиот систем за воздушна одбрана е многу ефикасен. Тој потенцира дека сириските воени власти донеле одлука за отворање оган, квалификувајќи ја целта која била во нивниот воздушен простор, како непријателска. Коротченко не ја отфрли варијантата дека авионот извршувал извидувачка мисија, чија цел била да се тестира всушност сирискиот противавионски ракетен систем, брзината на реагирање на радарскиот систем, а можно и да била тестирана брзината на реакцијата на сирискиот систем со која тој ќе биде ставен во борбен режим, пренесува РИА Новости.
Друг руски воен експерт, директор на наменскиот интернет ресурс Вестник ПВО, Саид Аминов, исто така, смета дека судејќи според карактерот на летот на авионот „RF-4E“, со голема веројатност тој имал задача да го тестира сирискиот систем за воздушна одбрана, со цел да ги „открие“ неговите главни елементи. Аминов истакнува дека авионот бил на ниска надморска височина, а слична техника на летањето е клучниот елемент за избегнување на кој и да е систем за воздушна одбрана.
Според Аминов, овој инцидент сепак ја покажал ефикасноста на сириската противвоздушна одбрана, која е базирана на ракетни системи со среден дострел од руско производство -„Buk-M2E“, „Pechora-2M“ и ракетниот систем „Pancir-S1“. Покрај тоа, сириската воздушната одбрана поседува две дивизии од против-авионски ракетен систем со долг дострел ( од 240 километри) S-200VE од советски производство.
Кортченко, пак, потсетува дека Турција е членка на НАТО, каде што постои размена на разузнавачки информации со другите членки на алијансата, и спроведуваат активно собирање електронски и радио разузнавачки информации за Сирија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.

