Свет
Асад: Сирија е во вистинска војна
Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека неговата земја се наоѓа во вителот на вистинска војна и на новоименуваната влада ѝ издал наредба сите напори да ги насочи кон победа против бунтовниците кои веќе 16-ти месец се борат за негово соборување од власта.
„Ние живееме во вистинска воена состојба. Кога сме во војна, секоја политика, сите страни и сите сектори мораат да бидат насочени кон победата во таа војна“, изјавил претседателот Башар ал-Асад пред премиерскиот кабинет што го именувал, пренесе во вторникот навечер сириската државна агенцијa SANA.
Асад притоа ги осудил земјите коишто од него бараат да се повлече од власта додавајќи дека Западот „зема и никогаш ништо не дава, и тоа веќе на секо ниво е докажано“.
Тој ги иемнувал дејствата на противниците на наеговиот режим како тероризам.
По повод конституирањето на новиот сириски парламент на парламентарните избори кон крајот на мај што ги бојкотираше опозицијата која не верува во слободини и фер избори огранизирани од режимот на Асад, на 3-ти јуни сирискиот претседател порача дека е решителен да го задуши бунтот „по секоја цена“, и покрај сѐ посилната изолација на еговата земја и големиот број санкции којшто на Сирија ги наметнаа САД и Европската унија, како и Арапската лига.
Во подолгиот говор насочен кон економските сектори, ја повикал владата да ги зајакне односите со Истокот, на потесна соработка со земјите од Латинска Америка и Африка, како и Русија и Кина. Асад додал дека „државата преку потпишување договори со овие земји треба да му помогне на приватниот сектор да изгради вистински односи со нив“.
„Очигледно, проблемот беше само со Западот, додека поголемиот дел од светот сака да изгради односи со нас и со другите, но со децении тие се обидуваат да ги зајакнат нашите економски врски со оние кои нѐ колонизираат директно или индиректно… Сирија се обидува да изгради добри односи со сите земји во светот, но ние треба да знаеме каде се нашите вистински интереси“, заклучил претседателот ал-Асад.
Асад натаму ја повикал новата сириска влада предводена од Ријад Хаџибот „да има постојан контакт со народот и да работи транспарентно“, наведувајќи дека приоритет на министрите е веднаш да дејствуваат за да се обезбедат „основните потреби на населението, да се спречи кревањето на цените, борба против монополското работење и реконструкција на инфраструктурата саботирана од страна на терористите“.
Пред министрите Асад уште зборувал дека предност треба да им се дадат на најсиромашните покраини на Сирија, „да се вклучат механизмите за постигнување социјална еднаквост и забрзување на носењето закони поврзани со реформата на адмионистрацијата, борбата против корупцијата, рехабилитацијата на човечките ресурси и контрола врз владините загуби“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нереди во Багдад, демонтранти на улиците бесни поради смртта на Хамнеи
Демонстранти во Багдад се обиделе да упаднат во строго чуваната Зелена зона, каде што се наоѓа и американската амбасада, како реакција на убиството на иранскиот врховен водач, пренесува Си-Ен-Ен.
Судири избиле на Мостот 14 Јули, кој води кон Зелената зона. Според снимка до која дошол медиумот, се гледаат блесоци и чад, по што демонстрантите се повлекле.
🇮🇶🇺🇸🇮🇷 – IRAK / ETATS-UNIS / IRAN
🔸Affrontements violents dans la Green Zone à Bagdad en Irak avec des manifestants anti-US. https://t.co/xJwR8wkYMQ pic.twitter.com/qgDiLal9ml
— NEXUS (@nexus_osint) March 1, 2026
Истовремено, протести се одржале и во јужните покраини Ди Кар и Басра, каде што граѓаните марширале и скандирале.
Ирачката влада прогласи тридневна жалост и изрази сочувство до Иран. Владата соопшти дека заедничкиот американско-израелски напад врз Иран бил „очигледен чин на агресија и дело вредно за осуда што ги крши сите хуманитарни и морални норми“.
Македонија
Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.
Свет
Судири во близина на американската амбасада во Багдад
Демонстрантите во ирачкиот главен град Багдад денеска се обидоа да влезат во владиниот кварт кој е под силно обезбедување, каде што се наоѓа американската амбасада, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи.
Според очевидци, стотици луѓе се собрале на протест на влезот во таканаречената „Зелена зона“. Безбедносните сили насилно ја растерале толпата, пренесе ДПА.
Демонстрантите се обиделе да ги пробијат безбедносните бариери за да стигнат до американската амбасада во рамките на Зелената зона.
Очевидци изјавија дека безбедносните сили користеле палки, вистинска муниција, солзавец и водени топови за да ги растераат демонстрантите.

