Свет
Белата куќа го осуди насилството од сите страни во Сирија
Белата куќа го осуди во средата навечер секој чин на насилство во Сирија, вклучувајќи ги и нападите на бунтовнците врз приврзаниците на претседателот Башар ал-Асад, како што беше нападот врз провладината телевизиска станица во главниот град Дамаск.
„Го осудуваме секој чин на насилство вклучувајќи го и она чиишто цели се прорежимските елементи“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џим Карнеј на редовниот брифинг со новинарите. Тој ги повика сите страни инволвирани во сирискиот конфликт на прекин на непријателствата.
Тројца вработени во телевизиската станица al-Ikhabariya Channel која го поддржува претседателот Башар ал-Асад биле нападнати во средата наутро во нивната редакција во Дамаск, што е еден од најбруталните директни напади врз некој од симболите на авторитарниот режим на долгогодишното владење на сирискиот претседател.
Претседателот Асад именувајќи ја новата влада во вторникот изјави дека Сирија е во вистинска граѓанска војна и нареди сите напори да се насочат кон победа над бунтовниците коишто веќе 16 месеци се борат за негово соборување од власта.
Портпаролот на Белата куќа, рече дека САД заедно со меѓународните партнери продолжуваат со притисокот за да се принуди Асад да си замине од власта, и најави систанок на светските сили во сабота во Женева на кој ќе се бара решение за сириската криза./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

