Свет
Асад: Уништување на тероризмот е должност на владата на Сирија
Должност на владата на Сирија е да ги уништи терористите во земјата, за да го заштити сирискиот народ, изјави во четвртокот во интервју за иранската телевизија, сирискиот претседател Башар ал-Асад пренесува Reuters.
„Должност на сириската влада е да ги заштити сите наши граѓани. Наша одговорност е. уништувањето на терористите во секој дел од нашата земја. Оној кој убива терористи, може да ги спаси животите на десетици, стотици, а можеби илјадници луѓе“, изјави сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Сирискиот претседател за државната телевизија на Иран дал интервју подолго од еден час, во атмосфера на ескалација на конфликтот меѓу неговите приврзаници и опозицијата во Сирија, како и за влошувањето на односите со соседна Турција по инцидентот со уривањето на нејзиниот воен авион.
Извидувачкиот авион на турските воздухопловни сили од американскиот тип „RF-4E Phantom“ кој на 22-ри јуни полета од воздухопловната база Ерхач во југоисточната провинција Малатија, по половина час исчезна од радарите при надлетувањето на Средоземното Море, блиску до југоисточната покраина Хатај на границата со Сирија, беше соборен од страна на сириската противвоздушана одбрана. Сирија соопшти дека соборила турски авиони над нејзините територијални води по неговото навлегување во нејзиниот воздушен простор. Турција тврди дека авионот бил соборен во меѓународниот воздушен простор, а дека неговите фрагменти паднале во територијалните води на Сирија. Според Анкара, авионот бил на тренажен лет чија цел била да го тестира турскиот радарски систем, не бил вооружен и неговата мисија не била насочена против Сирија, којашто наводно била запознаена со летот, но не го предупредила екипажот за акцијата што има намера да ја преземе против леталото, како што бара меѓународното право.
Како одговор Tурција распоредува дополнителни трупи војници, тенковски единици, артилериски батерии и противавионски ракетни комплекси на границата со соседна Сирија.
Во Женева, во сабота на 30-ти јуни, е планиран состанок за Сирија, на кој специјалниот пратеник за Сирија на Обединетите нации и на Арапската лига, Кофи Анан, ги покани министрите за надворешни работи на петте земји постојани членки на Советот за безбедност (САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција), како и на Турција, Ирак, Кувајт, Катар, челниците на ОН и на Арапската лига и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика.
Сирискиот претседател, пак, отфрла однапред каква и да е одлука за Сирија, предложена од надвор.
„Ние одбиваме каков и да е несириски, не-национален модел (за решавање на кризата), предложен како од страна на големите сили, така и од пријателските земји. Никој не знае како да се реши сирискиот проблем, освен ние самите“, вели Асад./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

