Свет
Пожарите во Колорадо ја зедоа првата жртва, Обама прогласи катастрофа
Десетици илјади граѓани се евакуирани од Колорадо Спрингс, откако големиот шумски пожар зафати повеќе куќи од градот, а американскиот претседател Барак Обама прогласи „состојба на голема катастрофа“.
Во четврток вечер, надлежните рекоа дека нашле тело на еден човек во остатоците од изгорена куќа, што ја прави прва жртва од големиот пожар.
Според извештаите 346 куќи за живеење се изгорени и уништени од пожарот во Кањонот Валдо, објави градоначалникот Стив Бах, на прес-конференција, пренесе „Колорадо Спринг газет“.
Но, се уште не може да се каже дека тоа е дефинитивниот број.
Пожарот кој е најдеструктивен во историјата на државата е изгасена само десет отсто. Причината е откриена, вели Џери Мар од Шумската служба на САД.
Според полицијата уште две лица се водат како исчезнати, а по нив се трага, пренесе „АП“.
„Во некои области ништо не е останато, се уште има чад од изгорени објекти, но тоа изгледа како да имало нуклеарна експлозија. Блиску е до пеколот“, додаде Бах. /крај/ап/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

