Свет
Русија жали за неучеството на Иран и Саудиска Арабија на состанокот за Сирија
Русија во петокот изрази жалење поради тоа што поради забелешките на САД, на министерскиот кризен состанокот за Сирија кој во сабота ќе се одржи во Женева, не се повикани Иран, Саудиска Арабија, Јордан и Либан.
Во соопштението на министерството на надворешни работи на Руската Федерација се наведува дека и договорот за прекин на огнот и повлекување на владините и бунтовничките сили од градовите ќе создаде позитивна атмосфера за политичка транзиција во Сирија.
Меѓутоа, и покрај тоа што руската страна го поздравува ваквиот состанок, исто ката се укажува и на постоечките разлики со Западот околу начинот на изведување на ткн политичка транзиција во Сирија.
Оваа изјава следеше кусо време по почетокот на работниот ручек во Санкт Петербург на кој, како што најави американската страна, државната секретарка Хилари Клинтон ќе се биде да го убеди својот домаќин Сергеј Лавров, дека Кремљ мора да се согласи со заминувањето на сирискиот претседател Башар ал-Садат од власта.
Изразувајќи жалење што Саудиска Арабија, Иран, Јордан и Либан нема да учествуваат на разговорите во сабота со шефовите на дипломатиите на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, во изјавата на руското министерство за надворешни работи се потенцира дека „рускиот предлог во врска со тоа наиде на непремостливите забелешки од страна на САД, особено во поглед на учеството на Иран“.
Инаку, на состанокот покрај петте велесили, САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција, ќе учествуваат Турција, Кувајт, Катар, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун и првиот човек на Арапската линија, Бабил Елараби, коишто досега го поддржуваа западниот предлог за политичка транзиција на Сирија условена со заминување на претседателот Башар ал-Асад.
Меѓународниот специјален пратеник за Сирија, Кофи Анан, во сабота ќе бара поддршка за предлогот во кој децидно не се бара заминување од власта на претседателот Асад, но повикува на формирање влада на национално единство којашто би ги исклучувала личностите коишто ја загрозуваат стабилноста./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

