Свет
Полицаец од Сибир осомничен за убиство на 23 жени
Поранешен полицаец е осомничен дека во текот на 1990-тите години силувал и убил 23 жени во источен Сибир и е уапсен по повеќе од десет години истрага.
Како што пренесува AFP, руските истражни органи соопштија дека човекот од Ангарск, на истокот од Сибир, е осомничен дека е одговорен за серија убиства извршени меѓу 1994 и 1999 година.
„Повеќето од жените биле голи, со траги од силување на телото“, соопштија истражителите, наведувајќи дека на неколку од жртвите им биле украдени пари и накит.
Во текот на истрагата, која траела од подолго од една деценија, полицијата извршила ДНК анализа на околу 3.500 луѓе, а испитала повеќе од илјади луѓе.
Осомничениот бил припадник на полицијата до 1998 година, кога се пензионирал. Според зборовите на истражните органи, со ДНК анализа биле пронајдени отпечатоци на осомничениот, чиј идентитет не е наведен, на телата на три жртви.
Осомничениот се наоѓа во притвор на далечниот исток од Русија, во Владивосток, а истрагата за злосторствата продолжува.
Полицијата во сибирскиот регион Иркутск, каде се наоѓа градот Ангарск, соопшти дека сé уште не е докажана неговата вмешаност во сите 23 убиства./крај/тј/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

