Свет
Црвениот крст го прогласи сирискиот конфликт за граѓанска војна
Црвениот крст отсега борбите во Сирија ги смета за внатрешен вооружен судир, што поточно претставува граѓанска војна, а експертите сметаат дека на тој начин се отвора пат за иден евентуален прогон за воени злосторства.
Меѓународната комисија на Црвениот крст (ICRC) се смета за заштитник на Женевската конвенција со којашто се одредуваат правилата на војувањето и затоа стручњаците за меѓународно право сметаат дека оцените на Црвениот крст одредуваат кога некои борби прераснуваат во вооружен судир.
Претходно насилствата во Сирија беа квалификувани како локализирана граѓанска војна меѓу владините сили и вооружените групи со три жаришта, во Хомс, Хама и Идлиб.
Меѓутоа, судирите се раширија и во други области од земјата, па ICRC, независната хуманитарна организација со седиште во Швајцарија, заклучи дека судирите ги исполнуваат критериумите потребни да се прогласат за внатрешен вооружен судир и за тоа да се известат завојуваните страни, како и за обврските коишто сега според меѓународното право ги имаат.
„Во Сирија трае немеѓународен вооружен судир. Не се зафатени сите места, но не е ограничен само на претходните три области, се пришири и на неколку други. Тоа не значи дека сите региони низ земјата се зафатени со неприајтелствата“, изјави портпаролот на ICRC, Хикам Хасан за Reuters./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

