Свет
Чавез е убеден дека зад превратот во Парагвај стои наркомафијата
Претседателот на Венецуела, Уго Чавез е убеден дека зад тргањето од власта на претседателот Фернандо Луго со импичмент во паралемнтот на Парагвај, стои наркомафијата.
Причината за импичмент Фернандо Луго кон крајот на јуни, беше неподобното извршување на неговите должности. Директна причина беше судирот меѓу безимотните селаните и полицијата на 15-ти јуни во кој загинаа 17 луѓе. По импичментот на Луго, должностите шеф на државата ја презеде потпретседателот Федерико Франко, за периодот до април 2013 година, кога во Парагвај се закажани општи избори.
Дејствието на парагвајаскиот парламент беше критикувано од страна на многу земји, голем број држави ги повлекоа своите амбасадори, вклучувајќи ја и Венецуела, а регионалните организации, како Јужноамериканкиот заеднички пазар и Унијата на јужноамерикански држави го суспендираше членството на Парагвај во нив.
„Наркомафијата стои за превратот, соборувајќи го од власт нашиот другар, претседателот Фернандо Луго. Тие (наркомафијата) се инволвираа во редовите на десничарски партии на Парагвај“, додаде Чавез во својот говор во саботата на државната телевизија.
Отстранувањето од власта на парагвајскиот колега Луго, Чавез го нарече акт насочен против достоинството на сите народи на Латинска Америка. „Демократијата во Парагвај наскоро ќе се врати на својата позиција“, изјави претседателот на Венецуела./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.