Свет
Ки-Мун разговараше за Сирија со кинескиот челник Џинтао
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун во средата во Пекинг се сретна со кинескиот претседател Ху Џинтао пред гласањето во Советот за безбедност за нацрт-резолуција којашто ја предложија САД и неговите европски партнери со кој на режимот на Сирија му се закануваат нови пожестоки санкции
Со нацрт резолуцијата којашто ја претставија европските членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, Франција, Велика Британија, Германија и Португалија, како и САД, на властите во Дамаск, во прв ред на сирискиот претседател Башар ал-Асад ми се закануваат нови многу построги економски санкции доколку не престане со употребата на тешко вооружување против вооружената сириска опозиција, како што и се предвидува и продолжување за 45 дена на набљудувачката мисија на ОН во Сирија.
Русија претходно јасно стави до знаење дека има намера да вложи вето на предложениот документ, а повеќето западни дипломати очекуваат дека и Кина ќе го стори истото. Двете држави веќе двапати од почетокот на кризата во Сирија во март 2011 година блокираа резолуции на Советот за безбедност на ОН, заштитувајќи ги своите интереси кои се поврзани со актуелниот тамошен режим на претседателот Башар ал-Асад.
За сириското прашање, инаку Бан Ки-Мун во средата не зборувал во присуство на кинескиот претседател Ху Џинтао, туку на прес-конференција, пренесува јавува AFP. Двајцата лидери размениле куртоазни протоколарни изјави, при што кинескиот претседател на Генералниот секретар на ОН му се заблагодарил на посетата на кинеската престолнина за да ја отвори петтата Министерска конференција Кина – Африка, којашто почнува во четврток.
Бан Ки-Мун во саботата го повика шефот на кинеската дипломатија Јанг Џеичи за од официјален Пекинг да побара да го употреби своето влијание за да се примени мировниот план на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија,. Поранешниот прв човек на светската организација, Кофи Анан, како и извештајот на Работната група за Сирија со која се предвидува политика транзиција во Сирија.
Меѓутоа, официјалниот весник на кинеската комунистичка партија Ренмин Рибао, кој најчесто ги изразува официјалните ставови на Пекинг, во вторникот во уводниот текст се спротистави на каква и да е странска интервенција во Сирија, што е всушност повторување на поранешниот став на Пекинг, и идентичен со ставот на официјална Москва.
„За судбината на лидерите на Сирија може да одлучува само сирискиот народ. Станува збор за внатрешна работа и меѓународната заедница тоа би морала да го почитува. Меѓутоа, интервенција однадвор, којашто би довела до промена на режимот и би овозможила да се избегне хуманитарната катастрофа може да биде оправдана и добра причина за дејствување. Многу војни коишто до денес се воделе покажаа дека ‘промоцијата на демократијата’ и ‘хуманитаризмот’ се само изговори коишто големите сили ги употребуваат поради сопствените интереси“, се заклучува во коментарот на весникот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.