Свет
САД, Израел и Бугарија работат на резолуција на ОН
По терористичкиот напад од средата врз израелските туристи на аеродромот во бугарското летувалиште Бургас, Израел и Бугарија во соработка со САД и други земји работат на нацрт-резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации со коишто ќе се осуди актот.
Како што пренесува агенцијата Бгнес повикувајќи се на израелските медиуми, оваа информација ја потврдиле извори од израелското министерство за надворешни работи.
Во меѓувреме, израелските амбасадори во светот добиле инструкции да ги повикаат челниците на земјите во коишто работат јавно да го осудат терористичкиот акт во Бургас во кој животот го загубија осум лица. Во четвртокот до своите израелски колеги телеграми со сочувство и осуда на инцидентот упати целиот македонски државен врв.
„Осудата од странските лидери се од главно значење и испраќаат јасна порака од меѓународната јавност за терористите и Иран“, се наведува во соопштението на портпаролот на израелското министерство за надворешни работи, Лиор Бен-Дор, што го цитира весникот Haaretz.
„Од клучно значење за нас е тесно да соработуваме со медиумите, со интервјуа, брифинзи, соопштенија итн. Неопходно е да се концентрираат напорите, за да се убеди јавноста за крвавиот терор, извршен од Иран и Хезболах“, се вели уште во препораката на Бен-Диор.
Во телеграмата до израелските амбасадори, исто така, се наведува дека при последните напади во Кипар, Кенија, Делхи и Тајланд „јасно се гледа дека Хезболах има вмешано прсти“. Во документот, покрај тоа, им се наредува на амбасадорите да настојуваат дека „Техеран ги диригира терористичките напади преку силите Кудс од Револуционерната гарда и Хезболах“.
„Би требало д асе нагласи дека тие две организации не се ставени на списокот терористички организации на Евроспката унија, ниту на слична листа на која и да е друга организација“, препорачува телеграмата на Бен-Дор.
Израелското министерство за надворешни работи ги замолува своите амбасадори да потцртаат дека дури и покрај тоа што нападите се насочени само кон израелски државјани, жртви во тие напади се и Американци, Бугари, Словаци и Италијанци.
„Тоа покажува дека Исламската република не ги разграничува своите жртви. Иран продолжува да го употребува теророт како инструмент за спротиставување на Западот, дури и по цена да им нанесе штета и на државите со коишто нема никакви спорови“, се додава во препораката за израелските дипломати./крај/бг/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

