Свет
Бунтовниците објавија видео-снимка со киднапираните сириски новинари
Борците на Слободната сириска армија, објавија видеозапис со киднапираните пред неколку дена сириски телевизиски новинари.
На кусата снимка само се покажани тројца од четворицата грабнати новинари од екипата на сирискиот државен телевизиски канал Al-Akhbar, кои пред камерата ги кажуваат своите имиња. Нивниот четврти колега го нема на снимката, и неговата судбина е непозната. Исто така, на снимката не се искажани никакви барања од страна на грабнувачите, пренесува РИА Новости.
Информaтивниoт телевизиски канал Al-Akhbar го загуби контактот со својата новинарска екипа на својот дописник Јара Салех Абас во петокот на 9-ти август, кога таа била на терен во градот Тел Мнин североисточно од главниот град Дамаск, каде што сириската регуларна армија спроведува операција против вооружените групи.
Сириски медиуми и нивните вработени од неодамна станаа цел на постојани притисоци и напади од вооружената опозиција. Во јуни непозната вооружена група ја нападна редакцијата на телевизискиот канал Al-Akhbar во Дамаск, при што загинаа неколку лица. Истиот месец, вооружени лица отворија оган врз новинарска екипа во Латакија, при што беа ранети репортер и фоторепортер.
Во Дамаск во неделата беше извршен погребот на новинарот на државната новинска агенција SANA, Али Абас. Тој беше уредник на регионалната информативна редакција, а беше убиен во саботата од непознати вооружени лица во неговиот дом во Џајдет Артус во областа на главниот град.
Претходно, бунтовниците убија еден од водителите на државниот телевизиски канал Surya, Мохамед ал-Саид.
Пред една недела експлодираше бомба во зградата на Централната сириска радио-телевизија, при што беа повредени неколку лица./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

