Свет
Советодавната комисија на Кремљ ја критикуваше пресудата за Pussy Riot
Советодавната комисија за човекови права на Кремљ ја критикуваше во петокот пресудата за трите членки на руската панк група Pussy Riot на двегодишни затворски казни бидејќи во централниот московски храм отпеале „панк молитва“ против претседателот Владимир Путин.
„Зошто обвинетите се осудени на идентични казни, а две од нив имаат малолетни деца? Зошто не им се одредени условни казни?“, запраша комисијата во соопштението објавено на својата официјална интернет страница.
Обвинителство, инаку, бараше три години затвор. Во двегодишната затворска казна инаку ќе им биде пресметан и притворот од речиси шест месеци.
На 21-и февруари пет фанови и членките на Pussy Riot носејќи маски се втурнале во проповедалницата каде што е забранет влезот за несвештени лица и дошле до олтарот. Тие вклучиле засилувач и почнале да извикуваат навреди за свештенството и верниците, повикувајќи ја Мајката Божја да го земе кај себеси Владимир Путин. Тие тогаш не беа уапсени, но против нив беше подоцна подигнато обвинение за хулиганство.
Дваесет идвегодишната Надежда Толоконикова, 24-годишната Марија Алохина и 30-годишната Екатерина Самуцевич се прогласени винови и осудени на двегодишни затворски казни поради „хулигантство поттикнато од верска омраза“.
Толоконикова има четирогодишна ќерка, а Алхина е самохрана мајка на петгодишен син.
Процесот Pussy Riot имаше силен одек во светот и пресудата предизвика силни критики од западните земји.
Руската православна црква се заложи за благост при изрекувањето на пресудата, но сепак нагласи дека не ја доведува во прашање легитимноста на одлуката на судот.
Самиот претседател Путин на почетокот од август изјави дека не е за строго казнување на трите девојки од панк групата Pussy Riot. „Тоа што го сторија не е добро. Сепак, не мислам дека треба престрого да им се суди за она што го сториле“, изјави Путин како реакција на овој случај.
Веднаш по изрекувањето на пресудата се огласи и владејачката партија Единствена Русија, на претседателот Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев, чиј заменик генерален секретар Андреј Исаев изјави дека казната е „жестока, но повеќето Руси ја сметаат за праведна“. Тој не исклучи дека конечниот збор за овој случај ќе го даде претседателот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Не треба повеќе да имаме избори; Белата куќа: Се шегува
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп не бил сериозен кога пред неколку дена изјавил дека можеби воопшто не треба да има избори за Конгресот. Портпаролката на Трамп, Каролин Ливит, изјави дека претседателот всушност сакал да биде хумористичен со изјавата, а не да го доведе во прашање одржувањето на изборите.
„Претседателот се шегуваше“, рече Ливит, одговарајќи на прашања од новинарите. Таа додаде дека Трамп зборувал во контекст на пофалба на работата на неговата администрација, сугерирајќи дека тие „работат толку добра работа“ што, во таа смисла, треба само да продолжат.
Изјавата на Трамп доаѓа од получасовно интервју што го даде за „Ројтерс“ во Овалната соба на Белата куќа завчера. Зборувајќи за среднорочните избори, Трамп изрази фрустрација од историскиот модел во кој партијата на власт често губи места во Конгресот.
„Кога ќе победите на претседателските избори, не ги добивате среднорочните избори“, рече Трамп, а потоа додаде дека неговата администрација направила толку многу што, рече тој, „кога ќе размислите за тоа, воопшто не треба да имаме избори“.
Изјавата предизвика загриженост и критики бидејќи уставот на САД предвидува одржување избори за Конгресот на секои две години, без можност за претседателска одлука за нивно откажување.
фото/Depositphotos
Свет
Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“
Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја исмеа иницијативата, додека тензиите меѓу Европа и САД растат поради намерата на американскиот претседател Доналд Трамп да го окупира арктичкиот остров.
„Гренланд. Се прашувам зошто. Патување?“, рече тој денес во Рим. „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“, рече Кросето за европската мисија.
Оваа недела, некои европски земји испратија мал број воени лица во Гренланд, покажувајќи солидарност со Данска, што италијанскиот министер за одбрана рече дека не го разбира.
Трамп сака да го преземе Гренланд затоа што вели дека го смета за клучен за безбедноста на САД поради неговата стратешка локација и големите минерални резерви.
Тој не ја исклучи ниту употребата на сила за негово заземање.
фото/Depositphotos
Свет
Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд.
„Можам да ставам царини на земјите ако не се согласат за Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп на тркалезната маса во Белата куќа за руралното здравје.
Трамп постојано изјавува дека САД апсолутно мора да го преземат Гренланд, со што дополнително ќе го зголемат притисокот врз Данска, на која формално ѝ припаѓа островот.
Неговата изјава доаѓа по состанокот во Белата куќа во средата, на кој присуствуваа данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс.
Истиот ден, Врховниот суд на САД објави дека очекува во вторник да донесе долгоочекувана одлука за легалноста на царините на Трамп. Прашањето е дали претседателот може сам да воведе царини или за тоа е потребно одобрение од Конгресот.
Трамп зборуваше на состанок кој формално беше посветен на инвестиции во руралните средини, но за време на говорот, како што е неговиот обичај, тој се осврна и на други политички теми.
фото/Depositphotos

