Свет
Осум кандидати за премиер на Либија
Осум кандидати се пријавија за функцијата либиски премиер, меѓу кои се лидерот на либералниот сојуз Махмуд Џибрил и кандидатот на исламистите, актуелниот министер за енергетика Авад ал-Бараси.
Новиот либиски премиер на 12-ти септември ќе го избираат 200 членови на Општиот национален конгрес, најголемата политичка институција во земјата оформен по изворите од 7-ми јули.
Високата комисија за чесност и родољубие, треба да го провери сите кандидати и да утврди дале се вмешани во корупција или во задушувањето на бунтот во 2011 година со кој беше соборен режимот на водачот на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ал-Гадафи.
Сојузот на националните сили, коалицијата од шеесетина помали либерални партии којашто ја води архитектот на минатогодишниот бунт, Махмуд Џибрил, на парламентарните избори освои 39 места во Конгресот од 80 резервирани за политичките партии.
Втората по моќта, Партијата на правдата и изградбата, којашто настана од движењето Муслиманско братство, има 17 места во Конгресот а другите 120 им припаднаа на независните кандидати. Така што изборот на премиерот треба јасно да го покаже влијанието на еден од блоковите во новиот либиски парламент.
Од соборувањето на Гадафи и објавувањето дека Либија е ослободена во октомври 2011 година, преодната влада е задолжена само за тековните работи. Задачата на новата влада ќе биде, првенствено, да ја подобри безбедноста во земјата и да ја започне обновата на оваа разорена од војната но инаку богата со нафта северноафриканска земја./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.