Свет
Чак Норис го оцени говорот на Обама бесмислен
Американскиот актер Чак Норис го нарече празен и без содржина говорот на американскиот претседател Барак Обама на националната конвенција на неговата Демократска партија, со кој прифати да биде претседателски кандидат на изборите на 6-ти ноември
Во големиот предизборен говор, актуелниот американски претседател Барак Обама даде отчет за остварените ветувања дадени на гласачите пред изборите во 2008 година, вети дека преостанатите проблеми на Американците ќе бидат решени за време на неговиот втор мандат, и го обвини својот републикански ривал Мит Ромни за архаично размислување и за незнаење на суптилностите во надворешната политика.
„Во неговиот (на Обама – з.р.) говор од минатата ноќ, немаше никаква содржина. Тој вети дека ќе создаде милион работни места во текот на следните четири години. Слушајте, но сега имаме (во САД – з.р.) 23 милиони невработени, … мислам дека тој веќе го вети тоа пред четири години, но не ги исполни ветувањата“, го цитира Чак Норис американската телевизиска мрежа Fox News.
Огромното мнозинство холивудски ѕвезди традиционално ги поддржуваат демократите на изборите, но акционите херои, како Чак Норис, Силвестер Сталоне, Брус Вилис и поранешен гувернерот на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, се републиканци.
Ромни и Републиканската партија ја критикуваат администрацијата на Обама за неуспехот брзо да ја подобри економската ситуацијата во земјата и неможоноста да се справи со невработеноста. Како што признава и смата Бела куќа, заздравувањето на националната економија по кризата од 2008/2009 година не оди многу брзо, но економскиот раст е стабилен а невработеноста постепено се намалува.
Претходно, 72-годишниот Норис во видео пораката снимена заедно со неговата сопруга Џени, ги повика своите обожаватели на претстојните претседателски избори да му ја дадат поддршката на Мит Ромни. Според актерот, изборот на Обама ќе доведе до „илјада години темнина“. Оваа изјава Норис ја позајми од говорот на „иконата“ на Републиканската партија, американскиот претседател Роналд Реган, исто така актер, кој своевремено зборуваше за поранешниот Советски сојуз, кого го нарече „империјата на злото“.
Чак Норис е познат по своите конзервативни ставови и поддршката за слободното поседување оружје. Актерот повеќепати доделуваше донации за изборните кампањи на републиканците.
Чак Норис го привлече вниманието на јавноста врз неговите политички ставови во првата година од мандатот на претседателот Барак Обама кога напиша „Ќе се кандидирам за претседател на Тексас“ во насловот на неговата седмична колумна што редовно ја објавува во Wolrd Net Daily.
Во колумната Норис тогаш најави „војна“ против Барак Обама, тврдејќи дека сојузната држава Тексас ќе се отцепи од Соединетите американски држави доколку американскиот претседател не престане со неговото силно левичарење.
Норис пишуваше дека Америка под водство на Обама сé повеќе се оддалечува од визијата што ја имале нејзините творци. Притоа тој го наведе Џорџ Вашингтон и неговиот совет дека е добро да се биде што помалку политички поврзан со странските нации, како и на предупредувањето на Томас Џеферсон дека на владетелите не смее да им се дозволи да ги оптоваруваат граѓаните со долгови.
Норис во колумната ги постави прашањата колку долго Американците ќе го поднесуваат тоа, и дали кога ќе се прелее чашата и американските лидери ќе умеат да слушаат. Според Норис, тоа може да биде повод и почеток на уште една американска револуција, која според него би тргнала од Тексас, а тој би станал негов претседател. Притоа легендарниот „тексашки ренџер Волкер“ наведува дека од 1836 до 1846 година Тексас бил засебна република./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Професор од Киев: Украина не е подготвена за отстапки
Професорот од Институтот за меѓународни односи Максим Камењецки се јави во живо од Киев на телевизијата Н1, каде што ги опиша тешките услови за живот во украинската престолнина под постојани руски напади и рече дека Украинците не се подготвени да прават отстапки.
И покрај уништената енергетска инфраструктура и екстремно ниските температури, огромното мнозинство граѓани не сакаат да капитулираат.
Камењецки го опиша секојдневниот живот во украинската престолнина. „Доста е тешко да се живее во Киев сега. Целата енергетска инфраструктура од која зависи нормалниот живот е уништена. Во секој даден момент, две третини од градот се без електрична енергија“, рече тој.
„Во мојот дел од градот, кој е најтешко погоден, сме без електрична енергија околу 20 часа на ден, а ја имаме само четири часа. Имаме само ладна вода и слабо греење. Тоа е сè што имаме“, рече Камењецки, додавајќи дека температурите во Киев се околу -20 степени Целзиусови.
„Има снег и е многу ладно. Во мојот стан температурата е околу 16 степени, но во некои е само пет“, додаде тој.
И покрај тешките услови, Каменецки нагласува дека духот на отпорот не е скршен. „Украинците не се подготвени да прават отстапки, што е потврдено со социолошки анкети. Помеѓу 60 и 70 проценти од граѓаните не сакаат Украина да се согласи на капитулација“, нагласи тој.
„Првиот удар врз енергетската инфраструктура се случи на 10 октомври 2022 година. Оттогаш, постојано се бориме да надоместиме за сè што губиме“, рече тој.
Коментирајќи ги руските воздушни напади, Каменецки објасни како се променила нивната тактика. „Русите постојано ги менуваат своите тактики на воздушни напади. Почнаа со беспилотни летала, потоа со балистички ракети, потоа со крстосувачки ракети, а потоа сфатија дека е најдобро да нападнат со сè одеднаш“, рече тој, опишувајќи ја ситуацијата како доста драматична.
Кога го прашаа дали Украина возвраќа, тој одговори потврдно. „Всушност, ова е единствениот начин луѓето во Русија да разберат што е војна и која е нејзината цена. Мислам дека Украина исто така се обидува да ја примени истата тактика – да таргетира цели како руската енергетска инфраструктура“, смета Каменецки.
Тој се осврна и на изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Унгарија долго време нема пријателски односи со Украина. Веројатно е тоа историски комплекс што Унгарците го имаат кон сите свои соседи, не само кон нас. Тоа е проблем што се влече од минатото. Орбан го користи овој проблем за да се прикаже пред своите гласачи како заштитник на унгарските интереси, а тоа веројатно му оди во прилог“, рече тој.
Конечно, тој коментираше за преговорите во Абу Даби. „Што се однесува до преговорите во Абу Даби, постигнати се одредени резултати по помали прашања како што е размената на затвореници, но главното прашање за територијата останува нерешено“, заклучи Камењецки.
Европа
Руски дронови погодија станбени згради во Украина, меѓу загинатите мајка и дете
Во нападите со руски беспилотни летала извршени ноќеска загинаа најмалку три лица во источна и јужна Украина, вклучувајќи мајка и нејзиниот 10-годишен син, соопштија во понеделник регионалните власти и обвинителите. Момчето и неговата мајка беа убиени во напад врз станбена зона во градот Боходухив во источниот Харковски регион, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител.
Шест лица се повредени во нападот врз регионот, честа цел на напади во речиси четиригодишната војна што започна со руска инвазија во 2022 година, додаде тој. Во напад со руски беспилотни летала врз јужниот пристанишен град Одеса загина едно лице, а други две беа повредени, изјави регионалниот гувернер Олех Кипер.
Исто така, оштетена е станбена инфраструктура и гасовод, додаде Кипер на апликацијата за пораки Телеграм.
Девет лица, меѓу кои и 13-годишно девојче, се повредени во напад со беспилотно летало во југоисточниот регион Дњепропетровск, изјави гувернерот Олександр Ханжа. Нападот предизвика пожар во трикатна зграда, уништувајќи го покривот, додаде тој.
Свет
(Видео) Жртвите на Епстин испратија порака за време на Супербоул: „Време е за вистината“
Жртвите на починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин вчера објавија моќна порака до јавноста за време на Супербоул, повикувајќи на целосна транспарентност во случајот што го опишуваат како најголем скандал со трговија со луѓе во светот.
Емотивното видео, објавено од организацијата „Свет без експлоатација“, ги прикажува преживеаните како директно бараат од Американците да застанат со нив и да извршат притисок врз државниот обвинител Пам Бонди да ги објави сите информации поврзани со случајот. „Застанете со нас. Кажете му на државниот обвинител Пам Бонди: ВРЕМЕ Е ЗА ВИСТИНАТА“, велат тие во видеото, објавува Newsweek.
Одлуката за емитување на рекламата за време на еден од најгледаните телевизиски настани во годината ја покажува решеноста на жртвите да го продолжат јавниот притисок врз Министерството за правда. На 30 јануари, Министерството објави три милиони страници со записи, 2.000 видеа и 180.000 фотографии според новиот Закон за транспарентност на досиејата Епстин, потпишан од претседателот Доналд Трамп. Но, жртвите и нивните застапници велат дека е потребна поголема транспарентност.
Објавените материјали претставуваат само половина од шесте милиони документи првично прегледани. Останатите досиеја содржат материјали за сексуална злоупотреба на деца, информации за жртвите и законски заштитени записи.
Криминалната историја на Епстин се протега повеќе од една деценија. Истрагата започна во 2005 година, кога родителите на 14-годишно девојче пријавија дека таа била злоупотребена во неговата вила во Палм Бич, Флорида. Полицијата потоа идентификуваше најмалку 35 девојки со слични приказни за тоа како Епстин им плаќал од 200 до 300 долари за сексуализирани масажи.
И покрај полициските докази дека тој злоставувал повеќе малолетни девојчиња, Епстин отслужил мала затворска казна во Флорида од 2008 до 2009 година откако се изјаснил за виновен за наведување малолетничка за проституција. Тој беше повторно уапсен во 2019 година по обвинение за трговија со луѓе, но почина во затвор еден месец подоцна, а неговата смрт беше прогласена за самоубиство. Неговата соработничка Гислен Максвел беше осудена во 2022 година за помагање во регрутирање малолетни жртви и моментално отслужува 20-годишна затворска казна.
фото/ЕПА

