Свет
Лери Флинт нуди милион долари за финансиите на Ромни
Оснивачот на порнографското списание Хастлер и самопрогласен борец за слобода на говорот. Лери Флинт понуди милион долари на оној што ќе ги открие финансиските податоци на републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни.
Лери Флинт ја објави својата понуда на целата страница во неделното издание на The Washington Post, а истиот ќе биде објавен во изданието на USA Today од вторник 11-ти септември.
Милион долари се понудени за документиран доказ за наводно непријавениот поврат на пари на Мит Ромни и детали за неговата „оф шор“ сопственост, банкарските сметки и деловните партнерства.
Мит Ромни сѐ уште ги нема објавено своите финансии за 2012 година.
„Што крие? Можеби сега ќе дознаеме?“, се вели во текстот со наведената електронска адреса и телефонски број на кој секој кој поседува некоја од спомнатите инфромации може да ја сподели со Флинт.
Шеесет идеветгодишниот Лери Флинт е регистриран демократски гласач, во повеќе наврати нудеше пари за информации со кои може да бидат оцрнети републиканците, особено нивните неверства во бракот./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.