Свет
Филипини склучија договор со муслиманските бунтовници
Филипинската влада и муслиманските бунтовници договориле мировна спогодба за југот на земјата, објави во неделата претседателот Бенигно Акино, најавувајќи го крајот на 40-годишните судири во кои загинаа повеќе од 150 илјади луѓе и беше уништена економијата.
Долгоочекуваниот договор започнува со реализација на планот според кој че биде воспоставен нов автономен регион Бангсамото во јужните области каде што доминираат муслиманите во оваа мнозински католичка земја, а би требало да се случи пред крајот на претседателскиот мандат на Бенигно Акино во 2016 година. Бангсаморо се однесува на муслиманските и немуслиманските малцински народи во јужни Филипини.
„Овој договор создава нов политички ентитет и го заслужува името коешто симболизира и оддава чест на борбата на нашите предци на Минданоа и ја слави историјата и карактерот на тој дел од нашата историја. Тоа име ќе биде Бангсаморо“, објави Акино во телевизиското обраќање од претседателската палата.
Договорот претставува важен напредок во довербата меѓу владата и сепаратистичкиот Исламиски фронт за ослободување на Моро (MILF) кој долго време со сомневање гледаше на мотивите на централните власти во Манила во преговорите.
Договорот е постигнат на преговорите во малезиската престолнина Куала Лумпур минатата седмица, а него ќе се формира 15-члена преодна комисија која до 2015 година треба да предложи закона со кој ќе се формира новиот ентитет, кој што ќе ја замени сегашната автономија на регионот.
Новиот ентитет и неговите надлежности ќе бидат одредени со плебисцитарно усвојување на суштинскиот закон.
Овој муслимански регион ќе добие поголеми политички и економски овластувања, вклучувајќи и воведување данок кој би ја намалил владината помош, потоа поголем удел во приходите од природните богатства и поактивна улога во внатрешната безбедност.
Овие планови сѐ уште може да бидат попречени со евентуалното одвојување на радикалните исламистички групи од MILF и нивното продолжување на борбата во регионот во кој се забележани врски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Закана за договорот претставуваат и можните кланови коишто имаат под контрола некои области и сега би можеле да почувствуваат дека е загрозено нивното политичко влијание.
По четирите децении судири и речиси 15 години преговори за прекин на насилствата, сите повозрасни припадници на MILF, се нестрпливи да ги видат резултатите од годините мировни преговори, сметаат аналитичарите. Челните луѓе на движењето, исто така, може да бидат мотивирани и со можностите за приходите од големите резерви нафта, гас и минерали во бунтовничките области, делот на вкупното минерално богатство на островот Миндао се проценува на 312 милијарди долари.
На југот на Филипините повеќе од 40 години продолжуваат крвавите судири меѓу владините сили и муслиманските бунтовници и меѓу нив самите. Во нив животите ги загубија околу 150 илјади луѓе, претежно на католичка страна, а повеќе од два милиона се иселени од своите домови.
Една од најрадикалните и најмоќни групи коишто може да го загрозат мировниот договор е Абу Сајаф (Носители на мечот) која е основана на почетокот од 1990-те со средства добиени од ликвидираниот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Во почетокот на 2004 година групата го изврши најголемиот во историјата на Филипини терористички чин кога во воздух го крена ферибот „Superferry-14“, при што загинаа повеќе од 200 луѓе.
Според филипинското разузнавање, Абу Сајаф брои околу 400 припадници. Сепак, според експертите, операциите против милитантите кои последниве неколку години филипинската армија и безбедносните сили ги водат советувани од американските воени советници, сериозно ја наруши способноста на екстремистите и натаму да извршуваат големи терористички напади.
Групата често прибегнува кон киднапирање за откуп поради финансирање на своите активности. Ако откупот не е платен на време, заложниците се погубуваат./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви
Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при што загинале две лица, објави Ројтерс. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со ова соопштение потврди продолжување на кампањата насочена кон запирање на протокот на дрога во САД.
On Feb. 9, at the direction of #SOUTHCOM commander Gen. Francis L. Donovan, Joint Task Force Southern Spear conducted a lethal kinetic strike on a vessel operated by Designated Terrorist Organizations. Intelligence confirmed the vessel was transiting along known narco-trafficking… pic.twitter.com/fa5vppjcCy
— U.S. Southern Command (@Southcom) February 10, 2026
Помош од Еквадор
Според американската администрација, овој нападнат брод бил вклучен и во шверц со дрога. Во соопштението се додава дека американската војска имала и техничка поддршка од еквадорскиот центар за координација на поморското спасување.
До крајот на минатата година, американската војска убила речиси стотина луѓе кои, според нив, шверцувале дрога преку водни патишта, додека нападите врз бродови донекаде се намалиле во 2026 година.
Свет
Кралот Чарлс ја поддржува истрагата за врските на неговиот брат Ендру со Џефри Епстин
Бакингемската палата денеска соопшти дека кралот Чарлс Трети ќе ѝ даде поддршка на британската полиција која ги испитува наводите дека поранешниот принц Ендру му проследувал доверливи информации на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
Соопштението следува откако полицијата потврди дека ги разгледува тврдењата според кои Ендру Маунтбатен-Виндзор во 2010 година му испраќал на Епстин извештаи поврзани со трговија.
Полицијата од областа Темз Вели, која е надлежна за регионите западно од Лондон, вклучително и Виндзор каде што се наоѓала поранешната резиденција на членот на кралското семејство, покренала истрага по медиумските објави за мејлови што укажуваат дека тогашниот принц му испраќал на Епстин извештаи од својата турнеја во Југоисточна Азија во 2010 година, кога бил британски пратеник за меѓународна трговија.
Кабинетот на принцот Вилијам соопшти дека тој е „длабоко загрижен“ поради откритијата што произлегуваат од американската истрага поврзана со починатиот сексуален престапник.
Свет
Маск: САД 1.000 посто ќе банкротираат без вештачка интелигенција и роботи
Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, предупреди дека експлозијата на американскиот јавен долг може да доведе до финансиски колапс на САД доколку вештачката интелигенција и роботиката не ја трансформираат економијата, јавува „Форбс“
Во интервју за подкастерот Дваркеш Пател, Маск изјави дека без масовна примена на ВИ и роботи, САД „1000% ќе банкротираат“. Тој посочи дека јавниот долг достигнал 38,5 билиони долари, а каматите изнесуваат околу еден билион долари годишно, што веќе го надминува воениот буџет.
Маск објасни дека неговата поддршка за кратење на државната потрошувачка, додека го водел Одделот за ефикасност на владата (DOGE), имала цел да се забави „неодржливата фискална траекторија“ и да се добие време додека новите технологии го поттикнат економскиот раст.
Тој предупреди дека масовната автоматизација може да доведе и до силна дефлација, бидејќи производството на добра и услуги би растело побрзо од паричната маса.
Сепак, експертите посочуваат дека САД имаат предности – доларот е светска резервна валута, а Министерството за финансии може да се задолжува по релативно ниски каматни стапки. Комитетот за одговорен федерален буџет предупреди дека, иако е невозможно да се предвиди точен момент, некаква фискална криза е речиси неизбежна доколку не се промени насоката на фискалната политика.

