Свет
Кака Каладѕе во новата влада на Грузија
Поранешниот грузиски фудбалски репрезентативец и долгогодишен член на италијански Милан. Кака Каладѕе е најпознатото име за пошироката европска јавност во новата влада на новиот премиер Бидзан Иванишвили.
Коалицијата Грузиски сон на милијардерот Бидѕан Иванишвили победи на неодамнешните парламентарни избори во Грузија пред досега владејачката коалиција Обединето национално движење на претседателот Михаил Саакашвили. Грузински сон освои 83 места, додека простанатите 67 мандата од 150-члениот грузиски парламент му припаднаа на Обединетото национално движење.
Иванишвили во понеделникот го објави составот на својата влада, којашто ќе ја предводи како премиер, а којашто претставува комбинација од либерали и радикални националисти коишто се обединија за да се спротистават на автократијата на Саакашвили. Се очекува дека новата влада ќе стапи на должност во текот на октомври, кога ќе го добие мандатот во парламентот.
На Иванишвили и Саакашвили им следи кохабитација долга најмногу една година, колку што уште преостанува од претседателскиот мандат на Саакашвили.
Така, Кака Каладѕе кој одигра 83 настапи за фудбалската репрезентација на Грузија, и ја предводеше изборната листа на Грузиски сон како претставник од листата на партијата Демократска Грузија на Иванишвили, која е најголемата во владејачката коалиција, ќе биде вицепремиер и министер за регионален развој и инфраструктура.
Според списокот што е доставен до грузиските медиуми во понеделникот, министер за одбрана и вицепремиер на владата на Грузија ќе биде лидер на партијата Наша Грузија – Слободни демократи, Ираклиј Аласанија, министерот за правда е кандидат за пратеник од Грузиски , Теја Цулукиани, шеф на грузиското МВР ќе е еден од лидерите на Грузиски сон, и менаџер на фондот „Cartu“, Ираклиј Гарибашвили, министер за санкции, поранешниот јавен правобранител Созар Субари, министер за надворешни работи ќе биде портпаролот на коалицијата Маја Панџикидѕе, за државен министер за европска интеграција е предложен активистот коалиција, претставникот на партијата Наша Грузија – Слободни демократи, Алекси Петриашвили, за министер за земјоделие е поранешниот министер за земјоделство и храна (во времето на претседателот Едуард Шеварднаѕе) Давид Кирвалидѕе, министер за здравство треба да биде поранешниот министер за труд, здравство и социјална заштита на Грузија (исто така во времето на Шеварднаѕе) Амиран Гамрелидѕе, должност на прв човек на грузиската централна банка треба да ја преземе директорот на банката „Cartu Bank“, Нодар Јавакишвили.
Должноста министер за култура и заштита на спомениците на културата би требало да ја извршува писателот Гурам Одишрарија, а за функцијата министер за спорт и млади е – предложени од Леван Кипина, син на поранешниот славен грузиски фудбалер Давид Кипиани, а на местото на државен секретар за прашања на за дијаспората конкурира Сургуладѕе, претставник на партијата Нашае Грузија – Слободни демократи.
На функцијата јавниот обвинител е предложен адвокатот Арчил Кбилашвили, а на должноста државен секретар за реинтеграција (разрешување на конфликти) е предложен политикологот Паат Закареишвили, претставника на Републиканската партија.
За претседател на грузискиот парламент е предложен лидерот на Републиканската партија Давид Усупашвили, а на местото за негов заменик, Маја Конихидзе, од партијата Грузиски сон – Демократска Грузија.
Притоа Иванишвили како нагласил дека кандидатите за ресорите за економија и одржлив развој, за образование, за прашање на бегалците, за финансии и за екологија и природни ресурси ќе бидат предложени следните денови./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

