Свет
Иран најави прекинување на испораките на нафта ако се заострат на санкциите

Иран во вторникот објави дека ќе ги прекине испораките нафта доколку Западот ги заостри санкциите против него и дека има резервен план благодарејќи на кој земјата ќе преживее и без приходите од извозот на нафта.
„Доколку санкциите се засилат, ќе престанеме да извезуваме нафта. Имаме подготвен план за тоа како ќе ја управуваме земјата без приходите од нафтата. Досега немавме посериозни проблеми, меѓутоа доколку санкциите бидат заострени, ќе одиме на тој резервен план Б“, изјави иранскиот министер за нафта Ростам Касами во Дубаи.
„Доколку продолжите да ги засилувате санкциите, ние ќе го прекинеме извозот на нафта во светот. Се надеваме дека тоа нема да се случи, бидејќи тоа ќе биде врз грбот на обичните луѓе, а ние не го сакаме патењето на европските и американските граѓани“, додаде Касами на меѓународниот собир. Истакнувајќи дека прекинувањето на испораките на иранската нафта би предизвикал раст на цените на енергенсот на светските пазар.
Западни извори, пак, тврдат дека поради санкциите Иран речиси го преполовил дневното производство на нафатат, што Техеран решително го отфрла, тврдејќи дека нивото на дневното производство останува целосно исто како и претходно.
„Иран веќе триесет години е соочен со американските санкции, но и натаму успешно го одржува својот нафтен сектор“, напомена Касами.
Покрај тоа, Иран успеал да ги зголеми и рафинериските капацитети, па сега во целост може да ги задоволува домашните потреби од нафтени деривати, коишто до неодамна ги увезуваше во големи количества.
„Дневната потрошувачка на горива во Иран изнесува 90 милиони литри. Претходно голем дел од ова количество го увезувавме, но повеќе не ни се потребни увозните производи. Сега не само што не увезуваме нафтени производи, туку некои и ги извезуваме, секогаш има побарувачка за иранската нафта“, рече уште Касами. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.