Свет
Илјадници шиити ја чествуваа Ашура во Кербала
Милиони шиите се собраа во неделата во ирачкиот свет град Карбала на одбележување на Апура, шиитскиот празник на оплакување на смртта на имамот Хусеин, каде засега не е забележан ниеден напад.
Масите аџии се удираа во градите, а некои се удираа и со сабји по главите додека го оплакуваа имамот Хусеин, внук на протокот Мухамед убиен околу 680 година чие осакатено тело почива во Кербала, 100 километри јужно од ирачката престолнина Багдад.
Преку звучниците поставени околу мавзолејот еден од присутните ја повтори приказната за борбата во која загинал имамот, што секоја година предизвикува болни воздишки кај масата облечена во црнина.
Потоа аџиите во ритуален трк тргнуваат кон мавзолејот удирајќи се по главите во знак на жалост со повиците „Ние се жртвуваме за тебе Хусеин“.
Гувернерот на покраината Кербала, Амал ал-Дин ал-Хар изјави дека светиот град годинава во Ашура примил околу три милиони аџии, од кои 200 илјади од странство.
Околу 300 илјади припадници на безбедносните сили се распоредени на влезовите на градот, изјави командантот на безбедносните операции во Карбала. Шиитските аџии кога се движат кон градот или од него, често се цел на напади изведувани од страна на сунитските екстремисти.
Празнувањето на празникот Ашура во последните неколку години го одбележија со крвави терористички напади. На пример, во Ирак на овој ден речиси традиционално се извршуваат напади од сунитите против шиитите. Минатата година во серијата напади само на празникот беа убиени 28 а ранети 78 аџии.
Годинава околу 2.400 воени и полициски возила ќе ги следат или ќе ги превезуваа аџиите. За разлика од нападите претходно седмицава во неделата преку денот не беше регистриран ниеден напад.
Имамот Хусеин и неговиот брат Абаз и нивните 70 приврзаници се убиени во 680 година во Карбала во битка со војниците на Омајадскиот калиф Јазид. Жените и сестрите на убиените од војниците на Јазид биле земени со нив во Дамаск. Таму, на калифот заедно со нив му била донесена и главата на Хусеин. На 40-от ден по смртта на имамот Хусеин, неговата сестра Зејинаб се вратила во Карбала од Дамаск, носејќи ја со себе главата на нејзиниот брат која ја закопала во неговиот гроб.
На крајот од ноември или почетокот од декември шиитските муслимански верници почнуваат со славењето на празникот Ашура, годишнината од смртта на имамот Хусеин, внукот на пророкот Мухамед. Во муслиманската традиција, на денот на Ашура верниците се потсетуваат на најзначајните настани од религиозна историја на муслиманите: создавањето на небесата, земјата и морето, раѓањето на Адем (Адам); излегувањето на пророкот Нух (Ное) од ковчегот; одлуката на пророкот Ибрахим (Авраам) да го жртвува својот син Исмаил (во библиска традиција – Исак), ставање крај на страдањето на пророкот Ајуб (Јов); спасението на Муса (Мојсеј). На овој ден, шиите организираат процесии во кои учесниците се удираат со тупаници во градите како и нанесувајќи си повреди со удари со синџири и со остри предмети. Самоказнувањето е персонификација на посветување на верните, еден вид барање искупување за вината за неуспехот да се заштити од смртта имамот Хусеин./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

