Свет
Русија: Западот ја поттикнува демократијата за железо и крв
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, во саботата го обвини Западот дека се обидува да го поттикне развојот на демократијата во други земји со „железо и крв“, објаснувајќи ја одлуката на Москва да не им се придружи на земјите кои бараат заминување на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Повторувајќи ја пораката на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров имаше остар говор во настапот пред советот за надворешна и одбранбена политика, само два дена пред претседателот Путин да замине за Турија каде што во рамките на рамките на третото заседание на руско-турскиот Совет за соработка на високо ниво кој се одржува еднаш годишно, се очекува дека ќе доминира темата и проблемите со конфликтот во Сирија, во кој Анкара застана на страна на бунтовниците коишто сакаат да го соборат претседателот Асад.
„Русија не се спротиставува на западното влијание, ниту сака од инает да го ‘стави стапот во тркалото’ во проектите кои ги иницира Западот“, рекол Лавров.
„Фактот е дека обидот за поттикнување на демократијата со железо и крв не функционира, и тоа стана јасно последните месеци, во минатата година иполовина“, додал рускиот министер за надворешни работи.
Лавров додал дека во повеќето случаи таквата постапка предизвикува спротивна реакција, и води кон јакнење на екстремистите и репресивните сили, смалувајќи ги притоа изгледите за вистински демократски промени.
Москва тврди дека западните и сунитските арапски држави од Заливот ги поттикнуваат и поддржуваат бунтовниците во Сирија кои се борат да го соборат од власт претседателот Башар ал-Асад кои пропаѓа на алавитската заедница (дел од шиитскиот ислам) и ја има поддршката од Друзите и христијаните. Додека САД и ЕУ го обвинуваат Кремљ дека го штити Асад во 20-те месеци крвопролевање./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

