Свет
Меркел по гласањето во ОН ја потврди поддршката за Израел
Германската канцеларка Ангела Меркел ја потврди во саботата поддршката на нејзината земја за Израел, два дена откако Германија беше воздржана на гласањето во Генералното собрание на ОН кога Палестина го доби статусот држава набљудувач нечленка во светската организација.
Германија, којашто идната седмица ќе ја посетат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повеќе министри од неговата влада, во четвртокот беше воздржана на гласањето со коешто дефакто беше признат суверенитетот на палестинската држава.
Израел се надеваше дека Германија ќе им се придружи на САД во спротиставувањето на палестинската резолуција, како што тоа го сторија Канада и Чешка, но Берлин се реши како и Велика Британија, од европските американски сојузници, да биде воздржана.
Инаку Германија којашто врз себе го има историскиот товар од сеќавањето за холокаустот на Евреите извршен од нацистичкиот режим, и е голем сојузник на Израел на дипломатската сцена.
„Германија секогаш ќе стои на страната на Израел по прашањето на израелската безбедност. Израел нема само право, туку и обврска да ги штити своите граѓани“, изјави Меркел, во врска со германската поддршка на Израел во текот на последните судири со исламистичкото палестинско движење Хамас.
Меркел притоа не ја спомнала резолуција на Обединетите нации./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

