Контакт

Свет

Обама го предупреди Асад да не употребува хемиско оружје

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама го предупреди сирискиот претседател Башар ал-Асад да не го употребува хемиското оружје против бунтовничките сили, заканувајќи му се со последици доколку тоа биде сторено.

dobivaj vesti na viber

„Светот гледа. Употребата на хемиското оружје е би била целосно неприфатлива и ако ја направите таа трагична грешка и го употребите ова оружје ќе има последици а вие ќе бидете сметани за одговорен“, изјави американскиот претседател Барак Обама во понеделникот по локално време зборувајќи на собир на научници за неширење на нуклеарното оружје.

Загриженоста на САД околу наводните намери на Дамас во врска со употреба на хемиското оружје во последно време е сѐ поизразена, поради што во Вашингтон се подготвува план за таков можен случај, изјави претходно портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни на редовен брифинг со новинарите, но недавајќи детали за тој план.

Претходно и американската државна секретарка Хилари Клинтон предупреди дека САД ќе дејствуваат доколку Сирија употреби хемиско оружје, а властите на сирискиот претседател Башар ал-Асад повеќепати повторија дека нема да го употреби тоа оружје против сопствениот народ, туку дека го обезбедува и дислоцира да не падне во рацете на бунтовниците. Тоа некои медиуми го протолкуваа како можна подготовка за напад си хемиското оружје против бунтовниците коишто очигледно добиле подобро тешко воооружување./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Објавено пред

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што моментално ги контролира. Изјавата доаѓа во време кога разговорите со посредство на САД за ставање крај на руската инвазија се во застој поради територијални прашања пред четвртата годишнина од војната, објави „Киев Индепендент“.

dobivaj vesti na viber

„Донбас е наш народ, не само територија“

„Илјадници, десетици илјади Украинци се убиени бранејќи го тој дел од Украина“, рече Зеленски во интервју водено од Пирс Морган. „Мора да разбереме дека Донбас е дел од нашата независност. Тој е дел од нашите вредности. Не станува збор за земја. Не станува збор само за територии. Станува збор за луѓе“.

Зеленски рече дека преговарачите постигнале поголем напредок во техничките дискусии, како што е тоа како да се следи потенцијалното примирје, отколку во политичките прашања. Тој нагласи дека секое трајно решение бара силни безбедносни гаранции и европска вклученост.

„Кога зборуваме за безбедносни гаранции, мислиме на цврсти гаранции дека остатокот од светот – или барем некои земји – ќе бидат подготвени да одговорат ако Путин се врати со својата агресија“, објасни Зеленски. Тој ја отфрли идејата за лична доверба во рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека на Украина ѝ се потребни „институционални“ гаранции.

Тој ги опиша Украинците како исцрпени по речиси четири години војна, но нагласи дека земјата останува обединета. Како примери ги наведе националната мобилизација за време на зимските енергетски напади и брзите поправки во Киев и другите градови. „Најтешката ситуација беше во Киев по сите овие напади врз енергетската мрежа“, рече тој, додавајќи дека „240 бригади дојдоа од сите региони за да ја обноват клучната инфраструктура во Киев“.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: Не ми требаат историски глупости за да ја завршам војната

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не е заинтересиран за „историски глупости“ и бескрајни дискусии за минатото додека трае војната, туку само за брзо завршување на конфликтот и конкретни безбедносни решенија.

dobivaj vesti na viber

„Не ми требаат историски глупости за да ја завршам оваа војна и да преминам на дипломатија. Тоа е само тактика на одложување“, напиша Зеленски на Икс.

Тој додаде дека прочитал барем толку книги по историја колку што прочитал рускиот претседател Владимир Путин и дека знае повеќе за Русија отколку што знае Путин за Украина.

„Бев во Русија, во многу градови. Познавав многу луѓе таму. Тој никогаш не бил толку многу пати во Украина. Бил само во големи градови. Бев во мали градови. Од север до југ. Насекаде. Го познавам нивниот менталитет. Затоа не сакам да губам време на сите овие работи“, рече Зеленски.

Тој исто така рече дека руското општество го избра политичкиот систем во кој живее денес. „Русите одлучија сами да се променат. Русите одлучија дека им треба нов цар. Од нив зависи“, напиша тој.

Сепак, тој нагласи дека клучното прашање за Украина е безбедноста. „Се води голема војна против нас. Ова се нашите животи. Единственото нешто за кое сакам да разговарам со него е дека треба да го решиме ова на најуспешен начин. Мислам брзо да се заврши војната. Затоа сакам да разговарам само за такви работи“, заклучи тој.

Пораката на Зеленски доаѓа во време кога во Женева се во тек нови рунди разговори за можен крај на војната. Руската делегација ја предводи Владимир Медински, помошник на Владимир Путин и поранешен министер за култура, кој беше и главен преговарач на Русија за време на преговорите во Истанбул во 2022 година.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Дете висеше од жичарата на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Објавено пред

Вчера, дете падна од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.

dobivaj vesti na viber

Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичарата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.

Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.

Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.

Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 минута

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што...

Регион12 минути

(Видео) Дете висеше од жичарата на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Вчера, дете падна од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето....

Свет17 минути

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...

Свет50 минути

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија2 часа

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет2 часа

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...

Македонија15 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија15 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија17 часа

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија20 часа

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија21 час

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија21 час

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија22 часа

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија22 часа

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија23 часа

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија23 часа

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...

Македонија23 часа

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе...

Македонија1 ден

(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство...

Свет1 ден

Документите за Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупредија експерти на ОН

Милиони досиеја поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...