Свет
Главната уредничка на Vogue кандидат за амбасадор на САД во Европа

Американскиот претседател, Барак Обама ја разгледува можноста за нов амбасадор на САД во Велика Британија или Франција да ја постави главната уредничка на модното списание Vogue, Ана Винтур, пишува National post.
Шеесет итригодишната Ana Винтур има и конкуренција за дипломатската функција во Лондон, со оглед на тоа дека Метју Барзун, кој беше финансиски директор на претседателската кампања на Обама е заинтересиран за оваа функција.
Тие двајцата собраа најмногу донации во претседателската предизборна кампања на Обама. Секој од нив собра повеќе од 500 илјади долари. За амбасадорското место во Париз, според весникот, конкурирал и Марк Лерси, партнер и основач на фирмата „Авенија капитал менаџмент“.
Меѓутоа портпаролката на Vogue, Меган Салт вели дека Винтур не е заинтересирана за дипломатија. „Таа е доста задоволна со сегашната работа“, вели Салт.
Портпаролот на Белата куќа, Џеј Керни не сакаше да коментира, како ни Марк Лерси, додека Барзун, кој е и поранешен амбасадор во Шведска не беше достапен, пишува весникот./крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Тој повика на партнерските земји да им биде дозволено да соборуваат беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор.
„Путин само продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот. Колку подолго не наидува на никаква сила како одговор, толку поагресивен станува. Слабиот одговор сега ќе ја провоцира Русија уште повеќе, а потоа руските ракети и беспилотни летала ќе летаат уште подалеку во Европа.
Оваа ситуација покажува дека конечно мора да се донесе одлука за да се дозволи користење на партнерските капацитети за воздушна одбрана во соседните земји за пресретнување беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор, вклучително и оние што се приближуваат до границите на НАТО. Украина долго време предлага таков чекор“, напиша Сибиха на Икс.
Russian drones flying into Poland during the massive attack on Ukraine show that Putin’s sense of impunity keeps growing because he was not properly punished for his previous crimes.
Putin just keeps escalating, expanding his war, and testing the West. The longer he faces no…
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) September 10, 2025
Руските беспилотни летала и ракети постојано го нарушуваат воздушниот простор на Полска и другите членки на НАТО за време на нападот врз Украина, но до денес нема потврден случај на локални одбранбени сили што собориле руски дрон или ракета.
фото: принтскрин
Европа
Литванија: Путин нема да запре освен ако ние не го запреме

Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Литванија, изрази солидарност со Полска. Будрис повика на зајакнување на воздушната одбрана и рече дека НАТО мора да одговори со капацитети, „не само со загриженост“.
„Реалноста е јасна: сè додека на Путин му е дозволено да ја продолжи својата крвава војна против Украина, ниедна земја – дури ни во рамките на НАТО – не е безбедна. Санкциите мора да удрат во срцето на воената економија на Кремљ. Путин нема да запре освен ако ние не го запреме“, рече тој.
Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.